На Меѓународната вселенска станица ќе бидат произведени првите матични клетки

- Advertisement -

Меѓународната вселенска станица служи како лабораторија за стражувања на микрогравитацијата, што на научниците им овозможува подобро да ги разберат биолошките механизми во отсуство на гравитација. Силната гравитација на нашата планета влијае на секој природен процес, вклучуваќи го и начинот на кој растат клетките.

Научниците сега се подготвуваат да почнат експеримент за да истражат како се однесуваат матичните клетки во средина со ниска гравитација. НАСА ја финансира оваа мисија, а во текот на мисијата по прв пат астронаути ќе одгледуваат матични клетки во вселената.

- Advertisement -

Астронаутите заминат на станицата во рамките на мисијата Ax-2 со ракетата SpaceX Falcon 9 веројатно пред 21 мај годинава од вселенскиот центар Кенеди во Флорида. Експериментот ќе се прави во соработка со компанијата Axiom Space од Хјустон, а ќе вклучува плурипотентни матични клетки, односно клетки кои може да се развијат во различни тимпо клетки за човечките органи.

На Земјата гравитацијата го отежнува одгледувањето и диференцијацијата на ваквите клетки, а бидејќи Меѓународната вселенска станица е во ниската земјина орбита на околу 400 км над нас, таму нема гравитациска сила која би го попречила развојот на клетките. Како резултат на тоа, срединатаво Меународата вселенска станица го олеснува одгледувањето на матични клетки.

- Advertisement -

Кога ќе пристигнат на станицата астронаутите внимателно ќе го испитаат растот и механизмите за диференцијација на матичните клетки во микрогравитација. Тие ќе можат да утврдат до кој степен микрогравитацијата влијае на развојот на матичните клетки во други клетки за органи како мозокот и срцето. Исто така, ќе откријат колку брзо може да растат матичните клетки, како и кои генетски промени се случуваат во текот на тој процес.

Ако експериментот ги задоволи сите барања, научниците се надеваат дека ќе можат да произведуваат милијарди матични клетки дневно во услови на микрогравитација. Тоа ќе резултира со побрз развој на матични клетки за терапии за широк дијапазон на болести, како што се кардиоваскуларните.

- Advertisement -

Мисијата треба да трае една недела, но ќе ги постави основите за подогорочни експерименти кои во блиска иднина ќе се прават во орбитална вселенска станица.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -