Секое четврто дете во ЕУ е во ризик од сиромаштија

- Advertisement -


Во 2023 година речиси 20 милиони деца во Европската унија или 24,8% од децата на возраст под 18 години биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат. Овој процент е релативно стабилен во однос на 2022 година, со само благ пораст од 0,1 процентен поен.

На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца во ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0%), потоа во Шпанија (34,5%) и во Бугарија (33,9%).

- Advertisement -

Спротивно на тоа, Словенија (10,7%), Финска (13,8%) и Холандија (14,3%) имаат најнизок процент на деца во ризик од сиромаштија.

„Во 2023 година 10,7% отсто од децата на возраст под 18 години во ЕУ, чии родители имаат високо ниво на образование, се или во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, во споредба со 61,8% отсто од децата чии родители имаат ниско ниво на образование“, соопшти Евростат.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -