Срушени сите можни рекорди. Ова е најбрзата интерет мрежа на светот

- Advertisement -

Научници од Колеџ Универзитетот во Лондон успејаа да постават нови рекорди за најголемата брзина на интернет сигнал на светот.
Станува збор за брзина на сигнал од 178.000 Gbps (178 Tbps). Заради споредба, големите централни бази на податоци со оптички влакна можат да пренесуваат податоци со брзина од 35 Tbps.

Овој подвиг успеа да го постигне тим од истражувачи предводени од др. Лидија Галдино, а брзината е доволна да се преземете се од Нетфлис за помалку од една секунда. Тоа исто така е скоро четири пати поголем брзина од претходниот рекорд (44.2 Tbps) кој го поставија научници од Австралија.

- Advertisement -

Како што објаснија научниците, користени се многу пошироки бранови должини од оние кои се користат во постојните системи на оптички влакна и опсегот на спектарот е огромни 16.8 THz.

Сподели!
- Advertisement -