Ново предупредување: делови од светот ќе станат непрепознатливи!

- Advertisement -

Во последните години беа спроведени неколку студии поврзани со Северноатлантската меридијална струја (AMOC), а резултатите од овие студии не се оптимистички. AMOC е клучен систем на океанска струја кој влијае на времето на северната хемисфера, транспортира топла вода од тропските предели во северниот Атлантик, со поладна и солена вода што тоне и тече на југ, заштитувајќи делови од јужната хемисфера од прегревање и делови од северната хемисфера од студот. На овој начин се транспортираат и хранливи материи кои го одржуваат животот во морските екосистеми. Но, поради голем број фактори, вклучувајќи го и затоплувањето на океаните и промената на соленоста на водата, овој систем станува сè понестабилен и се чини дека се приближува до неповратна точка.

Тешко е да се каже кога ќе се случи тоа, но резултатите од различните студии покажуваат дека не сме премногу далеку од таа точка. Една неодамнешна студија на научници од Копенхаген покажа дека можеме да очекуваме колапс на овој систем во средината на овој век, најверојатно меѓу 2025 и 2095 година. Сега е направено уште едно истражување кое ни покажува слични резултати. Во ова истражување научниците користеле нови и напредни модели и за прв пат ја идентификувале областа на Јужниот Атлантски Океан како идеално место каде што можат да ги следат промените во моменталната циркулација и температурата и соленоста на океаните.

- Advertisement -

Според овие резултати, периодот на овој колапс е сведен на периодот од 2037 и 2064 година, со поголема поверојатност тоа да се случи пред 2050 година. Колапсот на AMOC претставува голема опасност што дефинитивно треба да ја избегнеме. Она што посебно го нагласуваат научниците е дека до пред само неколку години дебатираа дали такво нешто воопшто ќе се случи и ризикот од тоа го сметаа за прилично мал, но неколку нови студии покажуваат дека такво нешто е многу веројатно веќе во текот на овој век.

И ако навистина се случи тоа, односно распадот на АМОС, некои делови од светот би станале непрепознатливи. Неколку децении потоа мразот на Арктикот ќе се придвижи кон југ, а сто години потоа мразот ќе се прошири сè до југот на Англија. Во Европа и Северна Америка би имало просечен пад на температурата, а големи промени би се случиле и во прашумите на Амазон, каде што сегашната сушна сезона би станала дождлива и обратно. Ефектите од овие промени би биле навистина катастрофални.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -