Телеком ги повикува сите ентузијасти и играчи на е-спортови од целиот регион да се натпреваруваат за престижната титула во Шампионатот T-esports. Играчите ќе се натпреваруваат во 4 популарни игри: Counter-Strike 2, League of Legends, Brawls Stars и EA FC 24, како и за значаен награден износ.
Дојче Телеком со гордост го најавува проширувањето на многу успешниот Шампионат T-esports (TEC) на паневропско ниво во 2024 година. По одличните резултати од првите две сезони во Македонија, Хрватска и Црна Гора, TEC сега ќе ангажира млади ентузијасти и полу професионални играчи во е-спортови од три дополнителни земји: Чешка, Унгарија и Полска.
TEC 2024: поврзување преку е-спортови
Шампионатот T-esports е повеќе од обичен турнир во е-спорт; тоа е можност да се развијат основните вештини за иднината. Играчите ќе го покажат и ќе го подобрат своето стратешко размислување, планирање и тимска работа во 4 популарни игри: League of Legends, Counter-Strike 2, Brawl Stars и EA FC 24. Шампионатот поттикнува чувство на заедништво и натпреварувачки дух, придонесувајќи за растот на е-спортот и за личниот развој на неговите учесници. Тој исто така претставува платформа којашто му овозможува на секој ентузијаст за е-спорт да го доживее светот на професионалните е-спортови.
Каков е планот за игрите во TEC 2024?
Рокот за регистрации е до 20 септември. Играчите можат да формираат тим или да се приклучат како соло играчи, да ја изберат играта и да се подготват да се натпреваруваат со некои од најдобрите играчи во Европа. Тие ќе се натпреваруваат во возбудливи квалификации, ќе се пробијат низ групната фаза и ќе се стремат кон плеј-офот. Во големото финале, најдобрите тимови ќе се борат во Будимпешта на спектакуларен LAN настан за најголемата награда. Ова е можност и за аматери и за полупрофесионални играчи да ги покажат своите вештини на голема сцена и да стекнат непроценливо искуство во светот на е-спортот.