Производите на Млекара Здравје освоија 5 Golden Stars за квалитет и вкус на реномиран интернационален кулинарски натпревар

- Advertisement -

Голем интернационален успех на македонската компанија Млекара Здравје. Добиено е престижно признание Superior Taste Award со вкупно 5 Golden Stars: 1 за мешаното сирење, 2 за јогурт со 2,8% млечни масти, 2 за мешан кашкавал од Млекара Здравје.

Признанието е од Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi – кој е со седиште во Брисел и кој претставува водечка светска организација посветена на оценување на вкусот и квалитетот на прехранбените производи и пијалоци.  Специјално избрани судии од 15 најпрестижни европски кулинарски и сомелиерски асоцијации ги оценија производите на Млекара Здравје како исклучително квалитетни, со одличен вкус кој остава силен впечаток кај потрошувачите.

Производите се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, диференцијација во однос на конкурентите, во согласност со стандардите за оцена на Меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi.

- Advertisement -

Секој тестиран производ, се оценува според пет главни сензорни критериуми (прв впечаток, визија, мирис, текстура, вкус, вкус по проба).

Да се добие вакво признание на најпрестижниот кулинарски натпревар во светот е исклучително признание за Млекара Здравје.  Тоа е потврда дека и во Македонија можеме да создадеме врвни млечни производи, кои може да бидат конкурентни на светскиот пазар, па дури и повеќе од тоа. Ова е признание за целиот тим на Млекара Здравје, кој несебично и макотрпно, континуирано инвестираше во сите сегменти од своето работење за да го унапреди квалитетот на своите производи„ истакна Кристина Камчева Стојческа Управител на Млекара Здравје.

- Advertisement -

Целта на натпреварот е да се промовира квалитет и да им се овозможи на производителите да учествуваат на еден интернационален форум, каде ќе можат да ги споредат своите производи и да добијат вредно признание за вложениот труд.  Вообичаено производите кои стекнуваат признанија од меѓународниот институт за вкус и квалитет – iTQi, важат за високо квалитетни и по добиените награди стануваат барани на светскиот пазар. За производителите, тоа претставува силна препорака во освојувањето на конкурентниот млечен пазар.

Сподели!
- Advertisement -