На Велика Британија и се потребни 100 милијарди фунти (GBP) нови инвестиции годишно, или околу 119 милијарди евра, во следните десет години за да ги постигне своите економски цели и да постигне годишен економски раст од најмалку три проценти. Затоа на Британија и се потребни вкупно 1.000 милијарди фунти нови инвестиции во период од десет години, пишува The Guardian, пренесува Mina.
Според експертите, новите средства треба да се инвестираат пред се во енергетскиот и станбениот сектор.
На енергетскиот сектор на Велика Британија му требаат 50 милијарди фунти годишно, додека за станбениот фонд треба да се издвојат од 20 до 30 милијарди фунти, а за проекти за подобрување на водоснабдувањето осум милијарди фунти.
На Лондон му треба и ризичен капитал од 20 до 30 милијарди фунти за раст на компаниите на кои им е потребно финансирање за да ги прошират своите операции.
Извештајот сугерира дека ОК треба да создаде атмосфера каде што потрошувачите ќе бидат многу поподготвени да преземаат ризици и да ги инвестираат своите пари во локални бизниси отколку да ги чуваат на нивните готовински сметки.\
Фото – Flickr