Повеќе од половина од миленијалците управуваат со своите пари преку мобилен телефон

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека се повеќе сектори преминуваат во дигиталниот свет, развојот на технологијата неминовно влијае и на секторот на финансиски услуги. Без разлика дали се работи за плаќање, банкарство, осигурување или управување со имот, денес веќе е незамисливо да не се користат електронски услуги.

Е-трансакциите одамна станаа стандард бидејќи поголемиот дел од банките им нудат на своите корисници специјализирани апликации преку кои може да се следи состојбата на сметката и да се вршат уплати.

- Advertisement -

Во истражување направено од Mastercard дури 55% од нив одговориле дека користат или би ја користеле услугата е-паричник, известува Poslovni Dnevnik. Овој податок не изненадува доколку го знаеме фактот дека дури 56% од луѓето меѓу 16 и 24 години и 55% од оние меѓу 24 и 34 години изјавиле дека го користат мобилниот телефон непрекинато.

Секако, како и за секоја друга нетрадиционална услуга, и за е-паричникот постоеше скепса кај јавноста околу сигурноста на податоците. Поради ова услугите денес нудат неверојатно висок степен на заштита на податоците кој постојано се надоградува.

- Advertisement -

Дури и услугата Masterpass, е-паричникот на Mastercard, корисничките податоци ги заштитува на неколку нивоа. Најголемата предност на Masterpass е тоа што функционира скоро во сите делови на светот.

Друга причина поради која многу од миленијалците користат е-паричник е заштедата на време, како и биометриските податоци кои некои картички ги овозможуваат и не бараат употреба на пин кодови за плаќање. Минатата година 43% од миленијалците изјавиле дека би избрале биометриска проверка на идентитот доколку тоа значи дека нема да мораат да користат пин кодови.

Сподели!
- Advertisement -