Робот треба да земе примероци од внатрешноста на реакторот Фукушима

- Advertisement -

Во јапонската нуклеарна централа Фукушима Даиnи започна двонеделна мисија во која робот треба да го земе првиот примерок од стопеното гориво од внатрешноста на еден од трите оштетени реактори. Радиоактивното гориво и другите материјали во реакторите се стопија кога голем земјотрес и цунами во 2011 година ги оштетија системите за ладење.

Операторот на постројката Tokyo Electric Power Company Holdings (TEPCO) претходно користеше мали роботи за испитување на внатрешноста на реакторите, но ова е прв пат на робот да му треба да собере примерок од стопен отпад.

- Advertisement -

Мисијата треба да го означи почетокот на најсложениот дел од повеќедецениското исклучување на централата. Првично беше планирано за 22 август, но беше одложено поради лошо поставени цевки преку кои роботот треба да стигне до реакторот.

Роботот, кој се нарекува Телеско и се контролира од далечина, би требало да собере примерок со тежина помала од три грама. Оваа акција се очекува да трае околу две недели.

- Advertisement -

Се проценува дека во трите реактори во Фукушима останале околу 880 тони стопено радиоактивно гориво.

Владата и ТЕПКО си поставија цел да ја „исчистат“ фабриката за 30 до 40 години, и покрај критиките дека планот е нереален. Не е донесена одлука за плановите за целосно отстранување на стопеното гориво или негово складирање.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -