Брисел почна со консултации за одредување на минималната плата во ЕУ

- Advertisement -

Брисел почна со консултации за зајакнување на минималната плата во земјите на ЕУ. Од Европската комисија велат дека немаат за цел да постават една заедничка плата, туку да ги зајакнат постојните системи.

Урсула вон дер Лејен, претседателка на Комисијата, вели дека целта е да се спречи „протокот на мозоци од истокот на западот“. Стотици илјади, а во некои земји и милиони луѓе ја напуштаат татковината и одат во Западна Европа да работат, па се јавува недостиг од работна сила со што сериозно се доведуваат во опасност националните БДП.

- Advertisement -

Токму затоа постои позитивно расположение кај земјите-членки да се постигне договор на европско ниво со кој ќе се сопре овој натпревар меѓу западот и истокот на европскиот континент.

Само шест земји во ЕУ немаат уставно утврдена минимална плата: Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска. А меѓу земјите кои имаат утврдено минимална плата постојат огромни разлики: На пример, во Бигарија минималната плата за работници со целосно работно време е 286 евра месечно, додека во Луксембуг истата плата е 2.071 евра.

- Advertisement -

Но, некои нордиски земји каде што платите генерално се високи се плашат дека ако дозволат Брисел да се вмеша во ситуацијата, ќе се наштети на длговековните модели на колективно договарање во земјите.

Ако утврдиме ЕУ легислатива која вели дека секоја земја-членка мора да гарантира одредена просечна плата како минимална, како ќе се направи тоа без интервенција од државата, велат тие.

- Advertisement -

Од Европската комисија, пак, велат дека одредени национални практики како што се колективното договарање ќе бидат заштитени. Исто така, додаваат дека минималната плата во некои земји не гарантира стандард на живот, па затоа потребно е да се спречи насмалување на платите во различни земји.

Сепак, додаваат и дека ова е историска можност и по прв пат Европската унија се вмешува во многу драматичната ситуација со платите на континентот обидувајќи се да предложи решение преку европската легислатива.

Сподели!
- Advertisement -