Со големо задоволство Виталиа ја најави втората Детска Трка во 2024 која ќе се одржи на 29-ти септември. Продолжуваат со традицијата и ги повикуваат сите да бидат дел од ова незаборавно спортско искуство.
Минатата година, повеќе од 1500 деца го исполнија стадионот со возбуда и енергија, создавајќи непроценливи моменти и насмевки. Импресиите од првата Виталиа детска трка се уште одекнуваат, и оваа година се очекува уште поголема забава и авантура за сите учесници.
Со секоја измината година, Виталиа Детска Трка станува сè повеќе од настан – претставува симбол на заедништво и инспирација за најмладите генерации. Овоа уникатна трка не само што ги поттикнува децата на спорт и физичка активност, туку и создава позитивна средина во која тие учат за важноста на здравјето, упорноста и спортскиот дух. Со поддршка од нивните семејства и заедницата, секој чекор на патеката е поттик кон изградба на поздрав и поактивен начин на живот, кој ги подготвува младите за предизвиците на иднината.
Повик до сите млади атлетичари.
Од стартната линија до целта, адреналинот и возбудата ќе бидат на највисоко ниво! Оваа трка е совршена можност да се создадат здрави навики и спомени за цел живот.
Придружете се на овој настан и бидете дел од нешто што ќе инспирира генерации во иднина.