Започнува караванот на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти

- Advertisement -

НЛБ Банка, во соработка со своите партнери: Сава Осигурување, Кроациа Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и Генерали Инвестмент, го организира вториот караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти. Караванот ќе се одвива во текот на целиот месец мај, пред експозитурите на НЛБ Банка ширум земјата.

Едномесечниот караван има за цел да овозможи поголема информираност, стручно советување и едукација на клиентите за различни осигурителни и инвестициски продукти, односно  финансиско советување за небанкарски финансиски продукти.

- Advertisement -

Дел од редовната понуда на НЛБ Банка се повеќе осигурителни, инвестициски и пензиски продукти со кои клиентите, во текот на едномесечниот караван, ќе имаат можност подетално да се запознаат, како и да ги искористат промотивните поволности за одредени осигурителни продукти и да добијат подарок.

За местото и времето на одржување на промотивните активности на караванот за финансиско советување, клиентите ќе можат да се информираат преку социјалните мрежи на НЛБ Банка и на партнерите со кои се реализира оваа активност. Деталниот распоред на караванот е достапен тука.  

- Advertisement -

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која, следејќи ја својата стратегија за сеопфатни финансиски услуги, постојано го унапредува портфолиото на продукти и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанакарски продукти на едно место. Освен тоа, Банката овозможува советување и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби, како и за нивната идна финансиска стабилност, поквалитетно и посигурно живеење.

Сподели!
- Advertisement -