Ботаничари идентификуваа 33 глобални точки со илјадници непознати растенија

- Advertisement -

Ботаничари идентификуваа 33 темни точки ширум светот каде што веројатно чекаат да бидат откриени илјадници растителни видови, покажуваат резултатите од новата студија.

Од палмата во Борнео која цвета под земја до орхидејата од Мадагаскар која го поминува својот живот растејќи на други растенија, истражувачите продолжуваат да откриваат десетици нови видови секоја година.

- Advertisement -

Новиот проект предводен од британската Кралска ботаничка градина во Кју го привлекува вниманието на областите во светот каде што научниците треба да ја фокусираат својата потрага, бидејќи овие области се потенцијално дом на повеќе од 100.000 растителни видови за кои се верува дека се неоткриени, а повеќето од нив би можеле да бидат во опасност од изумирање.

Студијата, објавена во специјализираното списание New Phytologist, се надоврзува на анализата на истражувачите на Кју презентирана минатата година, која покажа дека три четвртини од сите неопишани растителни видови веројатно се изложени на ризик од исчезнување. Научниците веруваат дека непознатите видови може да доведат до идни откритија на лекови, гориво или други иновации.

- Advertisement -

Професорот Александар Антонели, директор на научниот сектор на центарот во Кју и еден од авторите на студијата, истакна дека целта на истражувањето е да се помогне подобро да се таргетира зачувувањето и да се забрза стапката на откривање растенија, предупредувајќи дека многу видови, со сегашната стапка на идентификација, ќе изумре пред тоа да и биде познато на науката.

„Заштитуваме 30% од планетата под актуелните цели на ОН, но не знаеме кои области да ги заштитиме ако немаме соодветни информации. Претходните истражувања покажаа дека биолозите не биле особено ефикасни во документирањето на биолошката разновидност. Повторно и повторно се враќавме на истите места и на тој начин запоставувавме некои области каде што можат да живеат многу видови“, објасни Антонели.

- Advertisement -

Повеќето од регионите се во Азија – дури 22 области се идентификувани дека бараат понатамошно истражување и ги вклучуваат островот Суматра, источните Хималаи, Асам во Индија и Виетнам.

Во Африка се препорачуваат Мадагаскар и Кејп-провинциите во Јужна Африка, додека Колумбија, Перу и југоисточен Бразил се истакнати области во Јужна Америка.

Речиси сите области се преклопуваат со области кои веќе се идентификувани како жаришта на биолошката разновидност. Станува збор за области на планетата кои се богати со живот, но им се заканува уништување.

Д-р Самуел Пиронон, биолог на Универзитетот Квин Мери во Лондон, почесен научен соработник во научниот центар Кју и еден од авторите на трудот, вели дека сите земји се согласиле да го зачуваат и да го обноват биодиверзитетот, вклучително и растителниот биодиверзитет.

Многу од земјите идентификувани како недоволно истражени области имаат ограничен капацитет за формална идентификација на видовите, а истражувачите се надеваат дека нивната анализа ќе инспирира идна соработка меѓу истражувачките институции и локалното население ширум светот.

Научниците предупредуваат дека граѓаните не треба самите да собираат видови поради строгите меѓународни закони за нарушување на биодиверзитетот низ планетата, како и поради потенцијалната закана за опстанокот на видовите.

Фотографирањето на растенијата во овие области и нивното објавување на платформи, односно сметки посветени на растителните видови, би можело да биде од голема помош.

Ова е одлична можност да се зајакнат партнерствата меѓу научниците и граѓаните, бидејќи платформите како iNaturalist се потпираат на двете групи. Луѓето фотографираат работи за кои мислат дека се интересни за остатокот од светот, а научниците се клучни бидејќи помагаат да се идентификува тој вид“, вели д-р Пиронон.

Следниот месец владите ќе се состанат на самитот за биолошка разновидност COP16 во Кали, Колумбија, организиран од Обединетите нации. Тоа ќе биде првиот состанок од 2022 година и договорот за целите да се спречи загубата на животи на Земјата оваа деценија.

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -