Шведска компанија ја откри најголемата наслага на ретки минерали во Европа

- Advertisement -

Шведската државна рударска компанија LKAB денес објави дека открила минерални извори со над 1 милиони томи ретки оксидирани минерали во подрачјето Кируна, со најголеми познати наслаги во Европа.

Ретките минерали се неизоставен дел за бројни високотехнолошки процеси и се користат во електричните автомобили, турбините на ветар, преносната електроника и во микрофоните и звучниците.

- Advertisement -

Ова е добра вест не само за LKAB, Кируна и за шведскиот народ, туку и за Европа и за климата, вели извршниот директор на компанијата, Јан Мостром.Според него, тие наслаги може да бидат исклучително битен составен дел за производство на клучни суровини кои се апсолутно неопходни за транзиција кон зелена енергија.

Ретките земни елементи моментално не се ископуваат во Европа, поради што континентот е зависен од извоз од други континенти. Во текот на идните години се очекува голема побарувачка за тие минерали поради инвестиции во електрични автомобили и обновлива енергија.

- Advertisement -

Европската комисија вели дека ретките минерали се едни од најбитните резурси за Европа. Голем дел од тие минерали се ископуваат во Кина, а долго време се чека на ископување такви земни метали во Шведска.

LKAB планира да побара концесија за експлоатација во 2023 година, но додаваат дека ќе поминат 10 до 15 години пред почетокот на ископувањето и испораката на пазарот.

- Advertisement -

Ретките земни метали се збир од 15 минерали од групата лантаниди од периодниот систем, иако овој број е проширен и вклучува и скандиум и итриум. Тоа се минерали кои се јавуваат во ниски концентрации и во геолошки формации поради кои нивното вадење може да биде многу скапо затоа што тие оксидираат и постапката може да биде голем загадувач. Ретките земни метали се толку хемиски слични што е тешко да се раздвојат, а покрај тоа, некои од минералите во кои се јавуваат може да содржат радиоактивни елементи како ураниум и ториум.

Кина задоволува 58% од светската потреба и најголем дел од светските преработувачки капацитети, благодарение на контролата на интелектуалната сопственост врзана за процесот и способноста тие индустриски операции да бидат евтини, но и валкани.

Единствената друга рафинерија надвор од континентална Кина се наоѓа во Малезија, а со неа управува австралиската компанија Lynas Resources.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -