Историски успех: Најмоќната ракета на светот успешно го заврши својот петти пробен лет

- Advertisement -

Компанијата SpaceX на технолошкиот милијардер Илон Маск ја лансираше најмоќната ракета на светот. Ова е голема пресвртница за ракетата која би можела да носи луѓе на Месечината и Марс.

За време на летот ракетата Starship успеа да направи нешто што досега не било направено – безбедно да слета носач на ракети со име Super Heavy.

- Advertisement -

На претходните летови ракетниот засилувач слетуваше во Индискиот Океан, додека овој пат нежно се спушти кон лансирната рампа. Таму тој беше успешно заробен од комплет масивни метални краци.

Во тој момент контролната соба избувна во воодушевување. За време на преносот во живо инженерката на SpaceX Кејт, Тајс, извика: „Ова е апсолутно лудо!“.

- Advertisement -

Сопственикот на SpaceX најави успешно лансирање на својот X профил, а лансирањето можеше да се следи во живо на профилот на компанијата.

Ова е петти тест по ред на ракетата Starship, а последниот беше извршен во март годинава. Претходните летови беа прекинати од експлозии само неколку минути по лансирањето.

- Advertisement -

(X)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -