Хрватска е нова хит дестинација за финансиски стартапи во Европа!

- Advertisement -

Хрватска е нова хит дестинација за финансиски стартапи во Европа, а сите се прашуваат зошто? Откако нордискиот стартап Auka во Загреб ја направи глобалната премиера на својата апликација за мобилно плаќање Settle, а Apple Pay во бранот ширење во Европа веднаш ја опфати и Хрватска, сега  младата висоскотехнолошка компанија Pago од Романија својата истоимена финансиска апликација почна да ја тестира токму во Хрватска.
По успешното лансирање во Романија, Pago покрај најголемиот пазар во источна Европа, одлучи својата апликација да ја алфа тестира во Хрватска. Алфа значи дека апликацијата уште не е целосно фунцкионална, ни целосно преведена на хрватски јазик, но на Pago му се брза и сака хрватските корисници да забележат дека е присутен во земјата. Антонија Билиќ Акар, менаџер на Pagо за Хрватска, изјави дека нивната мобилна апликација ќе биде официјално претставена наесен, најверојатно во септември,

Ако се прашувате зошто корисниците од Хрватска уште сега можат да ја преземат апликацијата, и покрај тоа што не е целосна, од Pаgo велат дека тоа е поради односот големина и развиеност на пазарот. Како што вели менаџерката Акар, во Хрватска за комуналии, станарина, храна, забава и други слични активности се трошат 4 милијарди евра годишно, од кои 60% се плаќаат во готово и само 25% со банкарски трансфери. Сето тоа укажува на огромен потенцијал за решенија кои го олеснуваат плаќањето како што е Pagо.
Додека за корисниците е лошо, за стартапите кои сакаат да се пробијат таму тоа е одлична прилика, особено кога во втората половина на септември банките ќе бидат обврзани да ги отворат своите ИТ интерфејси поради PSD2 директивата и ќе овозможат корисниците директно од разни апликации да ги плаќаат своите сметки.
Менаџерката Арар наведува дека во Романија граѓаните за комуналии, станарина, храна, забава и за други активности годишно трошат 9 милијарди евра. И таму ситуацијата е слична како во Хрватска и 75 % од плаќањата се вршат со готовина. Таму Pago веќе има повеќе од 100.000 корисници, повеќе од 20 добавувачи во системот и преку нивната мобилна апликација се плаќаат повеќе од 5.500 сметки. Во најголемиот регионален пазар, Полска, платниот пазар е тежок дури 30 милијарди евра. Колку е развиен полскиот пазар најдобро говори фактот дека таму за само 21% од трансакциите се користи готовина.
Pago засега не коментира какви планови има за Хрватска, додека основачот и извршен директор на Aukа, Даниел Дедерлајн, на глобалната премиера на Settle во Загреб наведе дека не би ни влегувале на некој пазар ако не мислат дека по резултатите можат да го достигнат сегашниот лидер, KEKS Pay. Pago и Auka не се единствените играчи кои сакаат на банките да им земат дел од колаќот вреден 4 милијарди евра во идната втора фаза од либерализацијата на платниот промет во септември.

На хрватскиот пазар веќе има низа домашни и странски играчи кои земаат залет. KEKS Pay од Erste bank има најмногу корисници – 40.000. На пазарот во Хрватска е присутна и втората најголема мобилна банка во Европа, Revolut, која веќе има повеќе од 20.000 корисмици. Оттаму велат дека токму во Хрватска го имале најуспешното лансирање во јужна Европа. Сега таму се пробива и британската мобилна банка Monesa. Најголемата европска мобилна банка N26 исто така се нотифицираше при Хрватската народна банка, иако уште не е официјално достапна.
Но, затоа, пак, услугите целосно им ги отворија на хрватските граѓани PayPal и TransferWise. Лани на хрватскиот пазар се проби Google Pay, а сега дојде и Apple Pay. Освен нив, своите услуги почна да ги нуди и Corvus Pay, компанијата-ќерка на хрватската ИТ компанија M SAN group. Во последно време во тој бизнис сакаат да влезат и телеком компаниите. Hrvatski telekom веќе постигна договор за тоа со Хрватската загребачка банка, додека A1 telekom има свои планови и веќе нуди сопствено платежно решение.
Антонија Арар од Pagо појаснува дека од влезот на новите играчи најголема корист ќе имаат хрватските граѓани, затоа што така ќе се унапреди платежниот систем во Хрватска. Таа наведува дека, на пример, ако Pago наесен стане достапен, ќе им овозможи на корисниците на мобилен телефон да добијаат известување кога ќе им доспее неоја сметка, ќе имаат архива на PDF сметки, ќе можат да плаќаат сметкки од банкарска сметка или со картички, сите сметки ќе им бидат на едно место и ќе можат истовремено да ги контролираат сметките за повеќе недвжности.
„Преку Pagо ќе можете да плаќате сметките на кој било снабдувач, па така уште сега имаме шест најголеми снабдувачи на електрична енергија во системот, 39 снабдувачи на плин по цела Хрватска, речиси сите телеком оператори, 22 комунални компании за отпад, 11 водоводни компании итн. Но, ќе може да се плаќаат и други сметки со скенирање на која било уплатница, па процесот на плаќање ќе се скрати за граѓаните од три часа на неколку секунди“ објаснува Арар.

Сподели!
- Advertisement -