Audi соопшти дека не може да најде соодветен инвеститор за својата фабрика за луксузни електрични автомобили во Брисел, што ја зголемува можноста фабриката да се затвори.Главниот оперативен директор на Audi, Герд Вокер, изјави дека ниту еден од 26-те потенцијални инвеститори не поднел „одржлив концепт“ за иднината на фабриката во Брисел, пренесува Bloomberg.
Во јули, Volkswagen објави дека размислува да ја затвори фабриката што го произведува луксузниот електричен модел на Audi во Брисел поради слабата побарувачка за премиум електрични возила. Фабриката во Брисел, која произведе околу 50.000 автомобили минатата година, се соочува со долготрајни предизвици, вклучително и високи логистички трошоци, велат независните извештаи.
Доколку се остварат најлошите прогнози, Volkswagen би можел да биде принуден да затвори една од своите фабрики за прв пат од 1988 година.
Раководството на германскиот производител на автомобили се одлучи за голема програма за штедење до 2026 година и планира да ги прекине гаранциите за работа за околу 110.000 работници, со цел да се соочи со дефицит од пет милијарди евра.
Извор: Медиуми