Вториот ден на 29-тиот Моден Викенд Скопје, под темата „Модата е вечна: Одржливост и иновации,“ донесе инспирација и визија за иднината на модата, која е иновативна, одговорна и исполнета со креативност. Од утринските панел сесии до спектакуларните ревии, вчерашната програма беше софистицирана, разновидна и со јасна порака за важноста на одржливоста.
Денот започна со ангажирачка панел сесија „The Purpose of Re-purposing? Sustainable Redesigned Fashion and Fabric Use,“ модерирана од Гордана Родиќ (извршен директор на SIEC) и Катерина Димитровска (дизајнерка од Luna Aditeya). Поддржан од Green Land Group, овој настан ги охрабри учесниците да размислат за значењето на реупотребата на материјалите и да го истражат потенцијалот на редизајнираната мода и иновациите во текстилот. Сесијата ги инспирираше присутните да размислат за креативното рециклирање и свесната потрошувачка како основа за моден идентитет кој е прилагодлив, а сепак вечен.
Во партнерство со Амбасадата на Шведска, „Fika со размена на облека“ беше уникатна можност за љубителите на модата да го подноват својот стил на одржлив начин. Модераторите Фросина Петров, Сара Стојчевска и Силва Дескова им помогнаа на посетителите да ги разберат придобивките од преупотребата и зошто облеката од втора рака е „најкул тренд.“ Концептот на Fika, кој ги слави малите моменти на поврзување, создаде пријатна атмосфера која нагласи дека модата може да биде и лична и одговорна.
Попладнето продолжи со Syjunta Repair Café, каде што учесниците имаа можност да научат вештини за поправање и обновување на облеката. Оваа сесија, под мотото „Здрава облека, здрава средина,“ не само што покажа дека секое парче облека може да добие нов живот, туку и ја истакна важноста на колективната одговорност во одржувањето на гардеробата и планетата, во партнерство со Амбасадата на Шведска.
Ревијата на студентите од СКАЛА Школа за дизајн и технологија ја оживеа сцената со свежа, експериментална и автентична македонска мода. Од креации инспирирани од културните корени до силуети кои рефлектираат глобални трендови, секоја колекција пренесе поинаква приказна и го долови духот на младите таленти кои ја дефинираат иднината на модата. Олгица Тренеска, Симона Трајковска, Ненад Селкиќ, Марија Пољакова, Анастасија Атанасовска, Леона Бибановска, Христина Стојаноска и Радмила Давидовиќ потсетија дека одржливоста и иновацијата се совршено споени во креативноста на новите генерации.
Во вториот дел, на својот програмски сегмент младите дизајнери, алумни на Скала школата за уметност, ги реализираа своите дела под менторство на реномирани македонски дизајнери, со цел да создадат капацитети и вештини во текстилната индустрија. Овие парчиња облека ќе бидат донирани на добротворната аукција Fashion with a Cause, промовирајќи ја свесноста дека модата може да биде и општествено ангажирана.
Учествуваа: Сара Величковска, ментор Никола Булески; Михаела Штерјова, ментор Антонија Гугинска Јорданоска; Татјана Гиновска, ментор Александар Ношпал; Марија Трајковска, ментор Катерина Тошева; Снежана Ефковска, ментор Никола Булески. Моделите на младите дизајнери беа дел од изложбата Young Designers Exhibition, во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион,“ спроведуван од Гласен текстилец и финансиран од фондацијата „Квина тил Квина“ и Амбасадата на Кралството Шведска.
Вечерта кулминираше со ревии од неколку дизајнери кои донесоа свежи пристапи кон одржливоста и иновацијата. Пепита Паскова се претстави со колекција инспирирана од готската мода, комбинирајќи темни, мистични креации од еко кожа и тафета.
Terziya, поддржана од Monteko винарската визба, ја презентира својата „NOW“ колекција, користејќи рециклирани материјали за да ја отелотвори идејата за одржлива елеганција.
Disciplina во својата колекција „Untamed“ донесе улична мода инспирирана од дивината, со креации кои ја промовираат личната слобода и ослободување од конвенционалните норми.
BadBunny внесе гламур со Night-Out колекцијата, која истакна удобност и самодоверба, создадена за вечерни авантури, со доза на смелост и шик.
Berna Saraci ја заврши вечерта со венчална колекција Chrysalis што ја истакна врвната елеганција и нежност.Изработена одржливо со минимален отпад, оваа колекција вклучува впечатливи структури и луксузни ткаенини кои ја одразуваат грациозноста на молците.
Овој втор ден на Моден Викенд Скопје успеа да покаже како одржливоста и иновацијата можат да бидат длабоко вкоренети во секој дизајн. Со доза на инспирација и многу креативна енергија, публиката беше оставена во исчекување за следните два дена кои ветуваат уште повеќе модна магија и културни изненадувања.
Денешната програма на 29. Моден Викенд Скопје изгледа вака:
18:00 Модна ревија Upcycled Passion организирана од SIEC, поддржана од Green Land Group
19:00 Модна ревија Ties that Bind: BH & MK dimensions of fashion, поддржана од УНЕСКО преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската Унија. Проектот е фокусиран на поттикнување дијалог во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор за зголемен социо-економски импакт
– Луција Чолак
– No Nation Fashion
– Mothershands
20:00 Модна ревија на студенти од Факултетот за арт и дизајн, Меѓународниот балкански универзитет, Скопје
21:00 Групна модна ревија MARAH & PERENIAL, поддржана од Payot
Не пропуштајте го овој исклучителен настан, каде што модата и културата се спојуваат во еден непрекинат тек на креативност и иновација.
Овој сет од настани е поддржан од пријателите на FWSK29:
Официјална локација на настанот: Културниот Центар Лабораториум
Официјален пијалок: Tanqueray London Dry, Johnny Walker, DON JULIO
Освежителен пијалак: Schweppes
Официјален парфем: Мартимекс со Версаче
Официјален партнер за шминка: Revlon, соработка со СУГС „Димитар Влахов“
Официјален партнер за фризури: Got2be и Philips, во соработка со СУГС „Димитар Влахов“
Партнер за грижа на ткаенините: Perwoll Renew
Официјален оброк на моделите: Имлек Протеин
Проектни партнери: Green Land Group, Обуќа Метро, MG ART, KP Chairs, Хотел Тимс, Аманти паста и вода Маyа.