ФОТО-Галерија: Францускиот луксузен козметички бренд La Mer пристигна во Македонија

- Advertisement -

Во ексклузивната парфимерија Анабела Мериот се одржа промоција на француската козметика La Mer во присуство на  голем број јавни личности  и медиумски претставници.

Маја Божовиќ, специјален едукатор за La Mer од Хрватска ја раскажа приказната за настанувањето на козметичкиот бренд La Mer и ги посочи и предностите и бенефитите кои ги носи оваа врвна козметика.

- Advertisement -

Гостите имаа можност одблиску да се запознаат и да ја пробаат Crème de la Mer, крема која има висок култен статус, поради кој, огромен број приврзаници низ светот се заљубени во неверојатните придобивки на формулата на овој производ.

- Advertisement -

Приказната за La Mer започнува откако доктор Макс Хубер ќе претрпи несреќа заради која ќе се здобие со изгореници. Така започнува со екперименти во кои употребува морски тревки, надевајќи се дека ќе стигне до тајните на морските длабочини.

После 12 години и направени 6.000 експерименти од страна на д-р Макс Хубер, создаден е прецизен избор на состојки и времено-интензивен био-ферментиран процес, кои се некои од најсочуваните тајни во индустријата за убавина.

- Advertisement -

Целата козметика на брендот La Mer може да се најде единствено во парфимеријата Анабела Мериот во Скопје.

 

Сподели!
- Advertisement -