Саемот ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 утре ги отвора вратите за посетителите

- Advertisement -

Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, утре (29.10.2024) во 10 часот ќе ги отвори вратите за посетителите во Арената „Борис Трајковски“ и ќе трае до 31 октомври. Саемот е отворен секој ден од 10.00 до 18.00 часот. Станува збор за саем кој ќе ги претстави сите иновативни решенија и најновите технологии во областите кои вклучуваат одржливи навики, а сите заинтерсирани ќе имаат можност да се запознаат со најсовремените технологии и услуги кои најчесто користат обновливи извори на енергија. 

Протоколарниот дел на отворањето ќе започне во 13 часот, кога свое обраќање ќе има г-дин Изет Меџити, прв заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, а саемот официјално ќе го отвори г-ѓа Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини,

- Advertisement -

ЕНЕРГО ТЕХНОМА оваа година ќе биде посветен на зелени решенија и иновативни технологии, со цел да ги истакне најновите технолошки достигнувања и стратегии за справување со глобалните енергетски предизвици. За време на трите дена од саемот, ќе се претстават повеќе од 30 водечки компании од Македонија и од регионот, кои ќе ги претстават своите најсовремени производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 претставува и уникатна можност за деловна посета на компаниите од овие индустрии и размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на дефинирање на идните технолошки насоки за обликување на индустриите во иднина и придонес кон подобра енергетска иднина. Од друга страна, посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите енергетски технологии, машини и индустриски опрема и да проследат презентации, програма на изложувачите, трибини и панел дискусии со експерти од областа за актуелните трендови во енергетската индустрија, одржливите извори на енергија и иновациите во производството.

- Advertisement -

Целосната агенда за годинашниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА може да се погледне на следниот ЛИНК.

Работно време на саемот е од 10.00 до 18.00 часот, во трите дена на саемот од 29ти до 31ви октомври, во Арена Борис Трајковски.

Сподели!
- Advertisement -