Глобалниот соларен капацитет достигна рекордни 2 TW

- Advertisement -

Глобалните соларни капацитети достигнаа рекордни 2 TW и најмногу пораснаа во последните две години, покажуваат податоците на Глобалниот соларен совет, непрофитна асоцијација која обединува претставници на соларната индустрија.

Глобалниот соларен совет во четвртокот забележа дека новите податоци ја даваат најдобрата слика досега бидејќи вклучуваат мали соларни панели на покривот кои претходно често беа изоставени од официјалните владини податоци.

- Advertisement -

Глобалниот соларен капацитет е зголемен во последните две години повеќе отколку во претходните 68 години.

Со надминување на прагот од 2 TW овој квартал глобалниот соларен капацитет е доволен за напојување на 92 милиони американски домаќинства, според Советот.

- Advertisement -

Владите често ја немаат целосната слика кога станува збор за соларната енергија бидејќи честопати изоставуваат многу мали проекти на покриви кои никогаш не се регистрирани во многу земји, велат од Глобалниот соларен совет за Reuters.

Сега, според неа, треба да достигнеме 8 TW инсталиран соларен капацитет до 2030 година, што според податоците е возможно и би сочинувало повеќе од половина од 11 TW обновливи капацитети потребни за постигнување на целта на ОН од Дубаи минатата година.

- Advertisement -

За да собере пари за ова Советот ќе започне меѓународна група за финансирање на соларна енергија на следната рунда од разговорите за климата на ОН, кои ќе започнат во Баку на 11 ноември.

Од капацитетот од 2 TW, 60% се соларни фарми на земја, а 40% се соларни проекти на покриви, покажуваат податоците.

(Reuters)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -