Земјата има трет пол и тој се топи со алармантно темпо

- Advertisement -

Земјата има и трет пол и тој се топи навистина брзо. Глечерите на Хималаите содржат повеќе мраз и снег отколку кој било друг регион надвор од поларните предели. Но, тие забрзано исчезнуваат. Од 1975 година досега тие имаат изгубено една третина од мразот, а стапката на топење двапати се има дуплирано од 2000 година досега.
Во вкупно 60.000 квадратни километри мраз, колку што има на Хималаите, се складирани речиси 10% од резервите на вода за пиење на Земјата. Од тој мраз се напојуваат со вода  10 реки, меѓу кои и огромните Ганг и Јанг Це. Топењето на хималаите значи дека Азија може да се соочи со недостиг на вода за пиење.
Заедно со топењето на Северниот и на Јужниот пол може да предизвика уште побрзо покачување на нивото на морињата и реките отколку што се претпоставуваше. Најлошото можн0 сценарио е покачување на нивоата до 1,1 метар до 2100 година.
Од 2007 до 2016 година се истопи трипати повеќе мраз од Антарктикот отколку во текот на претходните десет години, додека во истиот период Гренланд изгуби двапати повеќе мраз од вообичаено.
Сепак, научниците велат дека иднината на Земјата се уште е во нашите раце доколку успееме да ја намалиме емисијата на гасови за 45% до 2030 година.

The world has a ‘third pole’ and it’s melting fast

A threat to water supplies across Asia.📕 Read more: https://wef.ch/2nwQqdv

Posted by World Economic Forum on Петок, 27 септември 2019

Сподели!
- Advertisement -