Amazon прави AR очила за своите доставувачи на пратки

- Advertisement -

Според непотврдени гласини од повеќе извори, Amazon развива паметни очила со проширена реалност, кои првенствено ќе бидат наменети за нивните доставувачи, но би можеле да се најдат и во редовна продажба.

Очилата ќе проектираат мал екран на стаклата со прецизна навигација, така што луѓето што доставуваат ќе можат да стигнат до целните адреси по најкратката и најбрзата можна рута, а ќе добиваат и инструкции преку асистентот со вештачка интелигенција на Amazon, Alexa.

- Advertisement -

За разлика од другите системи за навигација, очилата, наводно, ќе работат во затворени простори, така што луѓето кои доставуваат, на пример, точно знаат по кој пат да излезат од лифтот и да стигнат до влезот во домот на купувачот.

Дополнително, доставувачите на Amazon би имале одврзани раце додека носат пакети, бидејќи не би морале да држат мобилен телефон во раце и да ја спуштат робата, што би заштедилe драгоцени секунди. Очигледно, сите доставувачи на Амазон ќе мора да носат очила според клаузулата во договорот за вработување, а истиот договор ќе важи и за доставувачите со договор од други компании кои ја испорачуваат стоката на Amazon.

- Advertisement -

Патем, Amazon не се снајде најдобро на пазарот со своите аудио очила Echo Frames , а сега можеби ќе сака да ги користи непродадените рамки за звучници и да им додаде екрани.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -