Паметни хеланки им помагаат на велосипедистите подобро да возат

- Advertisement -

Докторанд од Универзитетот Саутемптон, Девон Луис, основаше стартап наречен InPulse со цел на пазарот да ги пласира првите паметни велосипедски хеланки кои ќе бидат претставени на виртуелниот саем за потрошувачка електроника CES 2021.

Хеланките имаат сензори кои ги следат перформансите на мускулите на велосипедистите, ги анализираат податоците со помош на вештачка интелигенција,до која може да се пристапи преку апликација за телефон, но имаат и дополнителна интересна опција – стимулација на мускулите со помош на удари од електрична струја.

- Advertisement -

Освен што ги анализира податоците од сензорите, вештачката интелигенција на Луис проценува на кои мускули им треба струен удар и потоа преку жиците вктаени во хеланките меитува лесни удари од струја и ги тера мускулите на контракција и затегнување. Со тоа вештачката интелигенција врши слична функција како мозокот, кој испраќа команди до мускулите кога се под притисок.

Луис, кој на Универзитетот работи на докторска теза за хемискитете синапси меѓу моторните неврони и мускулните влакна, смета дека луѓето имаат ограничени способности за природно управување со мускулите, па затоа развил паметни хеланки со кои мускулите можат да се управуваат попрецизно, односно од мускулите да се извлечат максимални перформанси со стимулација со електрицитет.

- Advertisement -

Доколку ве плаши идејата да се удира струја додека возите велосипед, Луис вели дека електростимулацијата која ја создаваат хеланките не се чувствува како струјни удари туку како трнење, на што секој може да се привикне многу брзо.

Луис вели дека својата компанија ја основал со помош на стартап акцелераторот на Универзитетот Саутемптон, а со помош на виртуелниот саем CES сака да привлече инвеститори за да го пласира на пазарот својот необичен производ.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -