Огромно наоѓалиште на литиум, кое уште се нарекува и бело злато, се наоѓа под езерото Салтон. Иако е познато подолго време, дури неодамна беше проценет на неверојатни 540 милијарди долари, пишува порталот UniladTech. Се додава дека оваа количина на литиум ќе биде доволна за напојување на батериите на повеќе од 382 милиони електрични возила, што може целосно да ја трансформира глобалната економија.
„Потенцијално има доволно литиум за да се направат батерии за 382 милиони електрични возила, што е повеќе отколку што моментално има на патиштата во САД“, рече Сами Рот, колумнист за климата во Los Angeles Times.
Технолошките магнати Маск и Безос веќе се вклучени на пазарот на електрични возила. Маск ја основа Tesla во 2003 година, додека Безос е главен инвеститор во Ривиан, друга компанија за електрични возила. Повеќето електрични возила користат литиумски батерии, а досега најголемиот дел од литиумот доаѓаше од странство, од земји како Австралија, Кина, Чиле и Аргентина, така што новата локација би можела значително да ги намали трошоците за производство, бидејќи литиумот ќе се набавува дома.
Tesla веќе има големи фабрики во САД, вклучително и гигафабрика во Невада, додека Ривиан, според Reuters, планира да отвори нова фабрика во Џорџија до 2028 година, откако ќе добие заем од 6,6 милијарди долари. Во моментоt Tesla добива дел од својот литиум од Кина, додека Rivian потпиша петгодишен договор со јужнокорејската компанија LG Energy Solution.
Маск покажа силен интерес за литиум во Бразил, особено во државата Минас Жераис, богата со литиум. Неговата посета на Бразил во 2022 година беше насочена кон имплементација на Интернет мрежата Starlink, со дополнителен фокус на бразилската индустрија за литиум. Ваквата вредна американска локација во Риверсајд, Калифорнија, би можела целосно да ги промени правилата на игра на светски познатите иноватори.
(021)
(фото: ieee.org)