Apple конечно откри кога ќе ги претстави новите iPhone

- Advertisement -

По недели и месеци нетрпение и исчекување, Apple конечно испрати покани за својот есенски голем настан, кој дефинитивно е најбитен во годината за овој гигант од Купертино, Калифорнија. Освен тоа, по минатогодишната најава за лансирањето на iPhone X веројатно е најочекуваниот настан со години.

12 септември 2018 година е датумот за кој се шпекулираше подолго време и иако испадна дека тоа е точно, досега никој, дури ни производителите на аксесоарите и амбалажата за телефоните, не знаеше когаќе се одржи најбитниот настан на Apple.

- Advertisement -

Што можеме да очекуваме од настанот? Годинава можеби ќе бидат претставени дури три телефони iPhone веројатно со радикално различни дизајни и iPad Pro со целосен екран и технологија за идентификација на лице. Ќе биде претставен и долго очекуваниот AirPower полнач и четвртата генерација Apple Watch. Можеби ќе имаме прилика да видиме и некој нов MacBook кој ќе го замени сегашниот MacBook Air и евентуално слушалки AirPods 2.

Сподели!
- Advertisement -