Два европски сателити беа лансирани во орбитата како дел од првата мисија за предизвикување вештачко затемнување на Сонцето. Нивните операции ќе започнат следната година, а секое од предизвиканите затемнувања би требало да трае шест часа.
Probe-3, програма на Европската вселенска агенција, има за цел да ја проучува сончевата корона, односно атмосферата што ја опкружува ѕвездата најблиску до нас, што ќе ни овозможи подобро да го разбереме сончевото време. Најголемиот предизвик на овој проект е летање сателити во формација со висока прецизност, а искуството што ќе го стекне ЕСА во рамките на оваа мисија ќе биде вредно и за идните проекти.
Авионите Coronagraf и Occulter ќе бидат поставени во формација чија прецизност се мери во милиметри, на меѓусебно растојание од 144 метри и повеќе.
Occulter ќе лета поблиску до Сонцето и ќе го блокира сончевиот диск, фрлајќи сенка за друг сателит, на ист начин како што Месечината фрла сенка на површината на Земјата за време на вистинско затемнување. Ова ќе му овозможи на Coronagraf да го фотографира внатрешниот дел од регионот на короната, што е невозможно во нормални околности поради заслепувачката светлина на Сонцето.
Кога сателитите ќе завршат со фотографирањето, тимот на Земјата ќе испрати команда да ги одвои сателитите на доволно растојание, за да не се судрат. Проучувањето на сончевата корона ќе им помогне на научниците да го предвидат сончевото време, како што се геомагнетните соларни бури, кои можат да влијаат на сателитите кои орбитираат, како и на комуникациите и на енергетските мрежи на Земјата.
Да напоменеме дека затемнувањето предизвикано од сателитите нема да биде видливо на Земјата.
Откако ќе ја завршат својата мисија, двата сателити постепено ќе се спуштаат додека не изгорат во атмосферата, веројатно во рок од пет години, но пред тоа мисијата од 210 милиони долари ќе им овозможи на научниците да проучуваат стотици „затемнувања“.
(021)
(фото: Raw Pixel)