Антена во спреј е најновиот изум кој од корен ќе ги смени гаџетите

- Advertisement -

Оваа иновација ќе има големо влијание на нашите гаџети и уредите кои се поврзани на Интернетот на нештата. Антенскиот спреј MXene, кој го направија истражувачи од Школата за инженеринг Дрексел, се базира на титаниум карбид. Кога во MXene ќе се додаде вода и ќе се протресе, се добива боја која може да се нанесе со четка или да се распрска во тенок слок спреј, кој дури е и невидлив. Со тоа таа површина се претвора во антетна, која има својства исти како антените на уредите што ги користиме, пишува Vidi.hr.

Научниците тврдат дека MXene по своите својства дури ги надминува другите метаматеријали кои се тестираат за изработка на ултратенки антени како што се графенот и јаглеродните наноцевки. Можноста за примена на антените е огромна, па освен во таблети, мобилни телефони, паметни часовници, можеме да ги очекуваме на паметна облека и обувки, на налепници, приврзоци за клучови, багажи и бројни други IoT гаџети и уреди.

Сподели!
- Advertisement -