Amazon почна да продава електрични автомобили онлајн

- Advertisement -

Купувањето електричен автомобил во вистинска, ѕидана продавница или автосалон станува застарено, барем според Amazon. Големаta американска и глобална веб-продавница, каде што можете да купите сè, „од игла до локомотива“, одлучи да започне со онлајн продажба на автомобили.

За ова тие лансираа специјална страница Amazon Autos, која е посветена на продажба на лични возила, но засега нема да можете да нарачате нов автомобил, бидејќи не можете да пристапите на новата страница од кај нас. Amazon Autos дури не е достапна ниту насекаде во Америка, бидејќи понудата во моментот е ограничена на 48 градови низ континенталниот дел на САД.

- Advertisement -

Оние кои имаат пристап до страницата можат да проверат кои модели се достапни во нивниот локален застапник и да ги видат понудите по марка, модел, облога, боја и карактеристики, па дури можете да добиете моментална проценка на вредноста за тргување на вашето тековно возило и потоа само да го предадете кога ќе го земете новото возило.

Бидејќи сето тоа е направено со помош на интерфејсот на Amazon, кој веројатно ви е познат, ќе можете да ги видите прегледите на корисниците за автомобили и продавачи, за да можете да ја најдете најдобрата зделка, исто како што правите кога купувате други производи или гаџети онлајн.

- Advertisement -

Аmazon досега има потпишано договор со Hyundai, а првиот автомобил во понуда е електричниот Hyundai IONIQ 5 N, додека другите модели наскоро би требало да бидат достапни во веб-продавницата.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Amazon)

Сподели!
- Advertisement -