Oва се туристичките дестинации за кои има драстично зголемување на побарувачката

- Advertisement -

Извештајот на платформата Travel Horizons покажа кои туристички дестинации пораснаа во популарност во споредба со 2023 година.
Како што пренесува Пословни дневник, има 100 отсто зголемување на резервациите за еден европски регион во споредба со минатата година – зачудувачкиот брег на Албанија. Албанија на тој начин станува се попопуларна туристичка дестинација, а особено е привлечна поради прекрасните плажи, пренесува N1.

На второ место, со пораст на пребарувањата од 98 отсто оваа година, се најде Црна Гора, која стана позната како евтина медитеранска дестинација. На трето место е Истанбул, пишува TimeOut.
Овие дестинации се зголемија во популарност најмногу:

  1. Албанско крајбрежје
  2. Црна Гора
  3. Истанбул, Турција
  4. Минхен, Германија
  5. Сплит, Хрватска
  6. Занзибар, Танзанија
  7. Осло, Норвешка
  8. Корзика, Франција
  9. Хамамет и Сус, Тунис
  10. Букурешт, Романија

  11. Фото – Flickr
Сподели!
- Advertisement -