Тинекс во соработка со интернационалниот картичен бренд Mastercard започнува кампања, со која купувачите кои ќе ги користат самонаплатните каси во Тинекс маркетите и ќе платат со Mastercard картичка издадена од било која банка во земјава, ќе имаат можност да добијат кеш бек на својата платежна картичка.
Кампањата ќе трае од 20.12.2024 год. до 20.01.2025 год. и во неа учествуваат сите дебитни и кредитни картички, освен бизнис картичките. За да добијат кешбек, купувачите треба да направат најмалку 12 трансакции на самонаплатните каси во Тинекс маркетите, со вкупна вредност не помала од 6.000 денари. По завршувањето на кампањата, сите кои ќе ги исполнат овие услови, ќе добијат кеш-бек во износ 600 денари.
Во моментов каси за самонаплата може да се најдат во маркетите на Тинекс во ТЦ Зебра и Ист Гејт мол, a наскоро е планирано поставување на дополнителни каси за самонаплата и во уште неколку продажни места.
Тинекс е единствениот ланец на супермаркети со земјава, каде се применува системот за самонаплата, кој е одлична можност за сите оние кои сакаат ефективно, брзо и лесно да го реализираат плаќањето во маркетите.
Оваа кампања ja заокружува годината кога Тинекс слави 30 години од своето успешно постоење и работа на македонскиот пазар. И во годините што доаѓаат, компанијата ќе продолжи да креира врвно корисничко искуство со примена на иновативен пристап во работењето.