Македонија на дното по куповната моќ според Еуростат

- Advertisement -

Според податоците на Еуростат, Бугарите и Хрватите со куповната моќ заостануваат зад најголем дел од членките на ЕУ. Хрватска е на претпоследно место според потрошувачката по жител, која сега изнесува 59% од просекот во ЕУ.

Куповната моќ на граѓаните на Турција е во постојан пораст. Просечниот граѓанин на Турција, според податоците на Еуростат, има поголема потрошувачка (64% од просечен ЕУ граѓанин) од граѓаните на Унгарија (63), Романија (61), Хрватска (59), Црна Гора (56), Бугарија (53), Србија (46), Македонија (41), БиХ (41) и Албанија (37).

- Advertisement -

Од податоците се гледа дека куповната моќ на македонските граѓани е околу 40% од европскиот просек.

Еуростат податоците ги сумира врз потрошувачка кошничка на исти стоки во различни држави.

Сподели!
- Advertisement -