За 550 денери се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската лани.
Но, скокот на платите, не го следи поскапувањето на храната. Од Синдикатот велат дека и со покачувањето, платата не стига за нормална живеачка.
– И овие плати се ниски. Мора да најдеме начин да се подобри стандардот на граѓаните. Со овој просек кој го имаат, со 2 просечни плати од текстилниот сектор, кои се околу 27,000 денари, не може да се задоволи месечната потрошувачка кошница која надмина 1,000 евра. Според статсиктата, околу 70.000 работници земаат плати од 27.000 до 37.000 денари, изјави Љупчо Радовски, претседател на текстилен синдикат.
Највисоки плати, над 97 илјади денари земаат програмерите. Зад нив, нешто над 60 илјади добиваат вработените во фармацијата, водухопловството, финансииските услуги. Најниски плати пак, се исплаќаат во текстилната индустрија, иако за една година во овој сектор пораснале за над 10%. Според Радовски, морале да исплаќаат повеке, за да се спречи иселувањето во регионот, каде минималецот е речиси двојно повисок отколку кај нас.
– Ние се соочуваме со недостиг на работна сила. Сите заминаа да работат во земјите од регионот, каде минималната плата која се исплаќа во овој сектор е двојно повисока, додава Радовски
Инако, периодов, на социо-економскиот совет се преговара за зголемување на минималната плата, која во моментов изнесува 22,576 денари. Синдикатот бара 450 евра минималец, додека со законското усогласување во март треба да изнесуава 400 евра.
Извор: sitel.com.mk