Денеска стартува со работа скијачкиот центар „Михајлово“ кај Кавадарци. Центарот располага со ски стаза, ски лифт и сите неопходни елементи за скијачки центар. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, а според локалната самоуправа има потенцијал и за понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење и индивидуални сместувачки капацитети.
На официјалното отворање закажано за 12 часот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
За Центарот, како што беше претходно кажано, теренските работи се донација од компанијата „ЈА МИ“ – Кавадарци. Инвестицијата е донација од „Комерцијална банка“ и од „Кожувчанка“ ДОО.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вели дека од оваа зимска сезона, во „Михајлово“ ќе може да се ужива во зимските спортови, покрај во убавините на природата на Кожуф планина.
Фото – ФБ профил на градоначалникот на Кавадарци