Новиот центар има ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на час. Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска го отворија новиот скијачки центар „Михајлово“на Кожуф планина. Новиот центар има ски-лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на час, скијачки појас со капацитет за 800 лица, четири сезонски вртелешки и снежни топови за вештачки снег. Како што информираше градоначалникот Јанчев, првата ски-патека ќе се вика „Македонија“. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, а општинските власти има потенцијал и за понатамошен туристички развој со ресторанско и хотелско работење и индивидуални сместувачки капацитети.
Според Мицкоски новиот скијачки центар е исклучително голема можност за кавадарчани, но и за сите да уживаат во прекрасната природа, да се рекреираат, но и можност за развој на целиот регион.
Инвестицијата за овој центар е тешка над 230.000 евра, од кои половината се донација од Комерцијална банка, а другата половина од компанијата Кожувчанка.
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/01/01012025_mickoski_mihajlovo-5-1024x682.jpg)
![](https://inovativnost.mk/wp-content/uploads/2025/01/01012025_mickoski_mihajlovo-2-1024x682.jpg)
Meta.mk
Фото – Влада