Холандската влада во четвртокот објави дека постигнала договор со Nvidia за набавка на хардвер и технолошко знаење за можен објект за вештачка интелигенција (ВИ)
Холандија има за цел да изгради објект каде „суперкомпјутер“ со вештачка интелигенција може да придонесе за истражување и развој, како дел од пошироките проекти на ЕУ за зајакнување на европската дигитална економија.
Минатата година, холандската влада одвои 204,5 милиони евра (210 милиони долари) за инвестиции во вештачка интелигенција, а има и за цел да користи европски субвенции. Министерот за економија Дирк Бељартс изјави дека шансите за реализација на проектот се значително зголемени преку договорот со Nvidia, без да прецизира конкретни детали.
„Конкуренцијата е жестока, цел свет ја бара оваа технологија“, рече министерот по состанокот со Nvidia во Силиконската долина.
Seebiz.eu
Foto – Wikimedia Commons (Daniel J. Prostak; Crocodiletiger~commonswiki Crocodiletiger~commonswiki used courtesy of Daniel Prostak, CC BY-SA 4.0 https://creativecommons.org/licenses/by-sa/4.0, via Wikimedia Commons)