Кога го купи Twitter, за кој плати дури 44 милијарди долари, Илон Маск имаше визија социјалната мрежа да ја претвори во т.н. апликација за секого, моделирана по кинескиот WeChat. Ваквата апликација би имала можност и за комуникација преку гласовни и видео повици, плаќања итн. Оваа недела платформата X направи голем чекор кон исполнување на таа визија.
Извршниот директор на платформата X, Линда Јакарино, вчера објави дека се согласиле на партнерство со Visa за нивната апликација за плаќање, која имаат намера да ја лансираат подоцна оваа година. Откако ќе бидат достапни, сметките на X Money ќе овозможат директни плаќања, како и трансфер на пари помеѓу традиционални банкарски сметки и дигитални паричници, слично на Venmo. Оваа услуга ќе овозможи и депонирање пари во X Wallet, што е во согласност со претходните најави на Илон Маск, кој постојано најавуваше дека луѓето ќе можат да управуваат со сите свои финансии преку неговиот X.
X Money би можеле да бидат особено корисни за креаторите на содржини, кои би можеле да примаат наплати за нивните услуги и содржини преку апликацијата и да ги складираат на неа.
Инаку, Маск аплицира за финансиски лиценци повеќе од една година и според веб-страницата X, досега добил лиценца во 41 сојузна држава на САД.
Иако овие најави се охрабрувачки, сепак има одредени непознати, па Маск и Јакарино не објаснија конкретно како ќе се користи оваа услуга, ниту пак зборуваа за тоа како платформата X може да заработи од оваа услуга. Според извори кои се добро упатени за состојбите во компанијата, договорот со Visa треба да биде само прв во низата, а можеме да очекуваме и договори со други финансиски партнери. Според истите извори со кои разговарале новинарите на CNBC, се чини дека X Money треба да стане достапен за корисниците во САД уште во првиот квартал од годинава.
Покрај проширувањето на можностите на нивната социјална мрежа или додавањето нови опции како што се опциите за плаќање, Маск и Јакарино треба да најдат начин да привлечат нови корисници, бидејќи неодамна беше објавен неговиот мејл во кој напиша дека бројот на корисници е стагнира и дека не бил импресиониран од финансиските бројки.
(Poslovni Dnevnik)
(фото: AFP)