Be. – моден манифест што ги редефинира границите! Македонски бренд кој е израз, став и филозофија

- Advertisement -

Во време кога модата е повеќе од стил – таа е став, вредност, манифест – се раѓа Be. Ова не е само бренд, туку филозофија за жени што ја бараат сопствената дефиниција на естетика, моќ и слобода.

Зад Be. стојат две жени со силна визија: Билјана Силјановска, моден визионер и ко-основач на Minnimal, создава дизајн што зборува без зборови. Нејзиниот прецизен крој и минималистички пристап се повеќе од стил – тие се филозофија. Секое парче што излегува од нејзината рака носи своја приказна, оживеана со висококвалитетни материјали и беспрекорна изработка.Ангела Христовска – раскажувач на брендови, маркетер и графички дизајнер со 25 години искуство во адвертајзинг индустријата. Како лидер на маркетинг тимот на Божиновски часовници и накит цели 18 години, таа не само што промовира – таа создава светови. Со интуитивно чувство за естетика и стратегија, нејзината работа остава трага што не избледува.

- Advertisement -

Нивната заедничка идеја е јасна – да создадат облека што не само што се носи, туку се чувствува. Поставен на темелите на четири вредности – моќ, храброст, нежност и чесност – Be. не следи трендови, туку создава безвременски парчиња што остануваат во гардеробата како наследство. Секое парче е приказна, а приказната ја продолжува оној што ја носи.

Инспириран од иновација, брендот комбинира традиционални техники со современи технологии – од висококвалитетни природни материјали до NFC чипови што го прават секое парче интерактивно. Be. е таму каде што модата и технологијата се спојуваат, но со одржлива визија што оди подалеку од сезонски трендови. Ова е приказна за автентичност, за мода што не наметнува, туку ослободува.

- Advertisement -

новинарка | Љубица Ангелкова

фотограф | Александар Буневски

- Advertisement -

Бренд или манифест?

Ангела: Точно така, совршено го опишавте. “Be.” е свесно создаден манифест, напишан од жена за жена, од мајка за ќерка. Тоа е повеќе од облека – тоа е израз, став, филозофија. Низ секој крој се провлекуваат четири столбови: моќ, храброст, нежност и чесност. Без разлика кој модел ќе избере, жената што носи “Be.” ќе го почувствува тоа – понекогаш како суптилна сила, понекогаш како смела храброст, но секогаш како длабока автентичност. Едно е сигурно – кога ќе влезе во просторијата, ќе биде забележана.

Кога ја создававте оваа приказна, која беше првата слика во вашите глави? Беше ли тоа конкретен дизајн, одреден материјал, чувство… или можеби нешто сосема поинакво?

Билјана: Сè започна со чувство – затоа што секоја вистинска приказна прво се раѓа во срцето.

Потоа дојде бојата – таа што го дефинира и обојува тоа чувство, што го претвора во визуелен свет. “Be.” не е само облека, тоа е палета на емоции и ставови.бНа крај, го најдовме материјалот – како завршен допир што ја комплетира сликата, што ѝ дава текстура на идејата и овозможува да се почувствува, буквално и метафорички. Така настана “Be.” – од срцето, преку бојата, до допирот.

​​Во свет каде што сите сакаат да „бидат“ нешто – како вие го дефинирате “Be.”? Што значи да се биде Be.?

Ангела: „Be.“ значи слобода. Во свет што постојано те става во калапи, што дефинира како треба да изгледаш, да се движиш, да размислуваш – “Be.” е простор каде што ти сама одлучуваш што значи да бидеш. Тоа е храброст да ја следиш својата интуиција, нежност што не е слабост, моќ што доаѓа одвнатре, чесност пред самата себе. Да се биде „Be.“ значи да бидеш своја, неприкосновена, слободна.

Вашето партнерство – дали повеќе личи на идеален баланс на Yin и Yang, или понекогаш се чувствувате како две паралелни универзуми што успеваат да создадат совршена симбиоза?

Билјана: Две жени, два универзуми – секоја со своја енергија, визија и ритам. Но, таму каде што нашите патеки се преклопуваат, во тој балансиран хаос, се раѓа нешто поголемо од нас самите. Креативноста е нашето заедничко јадро, гравитациската сила што не приближува, но и ни дава простор да дишеме, да создаваме, да растеме. Во таа точка на судир и спој – креираме цел еден свет.

​​Доколку “Be.” беше личност, каков карактер би имала? Би била сензибилна и интровертна, или самоуверена и мистериозна?

Билјана: “Be.” е сè што таа сама одлучува да биде – слободна. На моменти е сензибилна и интровертна, кога сака да се повлече во својот свет, но кога тоа го избере, може да биде и самоуверена и мистериозна.

Таа не е ограничена, туку слободна да се менува, да експериментира, да ги носи сите улоги што ѝ припаѓаат во еден момент.

Ангела: Како песната на Битлси, “She’s so heavy” – “Be.”може да биде тешка и комплицирана за тие што не ја познаваат, но за оние што ќе се осмелат да влезат во нејзиниот свет, таа е пријатна и љубезна. Како и секоја жена, таа не само што креира, дава и негува, туку и бара нешто за возврат. Тоа што ќе добие го мултиплицира и враќа назад, некако бескрајно. Но, сето тоа е зачинето со љубов и страст, што ја прави неодолива.

Кога работите заедно, како знаете дека некоја идеја е „тоа“ – моментот кога двете разбирате дека тоа е вистинскиот пат за брендот?

Билјана: Тоа е магија, чувство што не можеш да опишеш со зборови. Се случува кога во твојата глава сè одеднаш се слева во совршена хармонија. Мозокот и срцето се спојуваат во еден ритам и, во тој миг, ништо не е погрешно.

Точно знаеш дека тоа е идејата што ја баравме, бидејќи сè станува јасно и природно. Сè се вклопува како делови од сложувалка што го наоѓа својот совршен облик. Тоа е моментот кога чувствуваш дека патот што го одбираме е вистинскиот. Без зборови, само интуиција.

​На вашата веб-страница ја споменувате улогата на иновацијата. Како еден независен бренд во свет на големи модни корпорации, каде го гледате просторот за вистинска иновација?

Ангела: Во светот на големи модни корпорации, каде што се поставуваат огромни очекувања и одговорности кон јавноста, како мал и независен бренд, ние имаме слобода да експериментираме и да одиме надвор од границите на традиционалното. Иновацијата не е само додаток за нас, таа е сржта на нашата ДНК и основа за постоење на брендот. За нас, “Be.” не е само облека, тоа е филозофија – манифест за трајност и вредност.

Нашата визија за “Be.” е да создадеме нешто што ќе трае и ќе ја надживее генерацијата што го носи. Облеката што ја креираме не е само за еден момент – таа е замислена да биде потполно нослива низ многу години и да се пренесе од мајка на ќерка или од жена на жена.

За да ја направиме оваа визија реалност, имплементиравме NFC чипови во секој примерок. Со еден допир, преку мобилен телефон, клиентите можат да пристапат до сите информации за моделот: од материјалите и процесот на производство до идејата, начините на носење и чување. Ова е нашиот начин да го поврземе физичкиот и дигиталниот свет, и да им овозможиме на нашите производи да комуницираат со нивните носители на ексклузивен и персонализиран начин. Секоја наша креација е повеќе од облека – тоа е искуство што преминува од еден физички простор во дигиталниот, создавајќи ново значење и вредност за модата.

​Кои материјали, техники или процеси најмногу ве возбудуваат во моментов? Дали експериментирате со нешто што може да стане потпис на “Be.” во иднина?

Билјана: Материјалите со природен состав секогаш ја будат мојата страст. Тие не се само уметност во форма – тие се емоција, пренос на енергија. Во моментот, не престануваме да експериментираме со везови и принтовина ткаенини, кои на нашите модели им даваат длабочина и карактер. Тоа е процес што, полека но сигурно, се претвора во потпис за “Be.”.

Така, нашите парчиња не само што носат визуелен идентитет, туку и усогласеност со природата, обележувајќи ги со посебен рачен труд и внимание на деталите. Таа спојка на природни материјали и рачно изработени техники ни овозможува да раскажеме нови приказни, кои се облекуваат и пренесуваат преку секој модел.

​Технологијата и модата – колку сте подготвени за иднината? Постои ли можност “Be.” да го интегрира дигиталниот свет (AI, NFT, виртуелна мода) во својата приказна?

Ангела: Секако, од самиот почеток, тимот на “Be.” е фокусиран на интегрирање на новите технологии во нашето секојдневно работење. NFC чиповите веќе се дел од секој наш модел, овозможувајќи им на носителите да се поврзат со нашите цифрени светови преку едноставен допир. Размислуваме и на NFT токенизација, која ќе овозможи производите да се следат и да се потврди нивната автентичност. Овие токени не само што ќе ги заштитат нашите креации, туку ќе овозможат и персонализирани искуства за нашите купувачи.

Покрај тоа, веќе користиме AI алатки во нашиот производствен и маркетиншки процес. Технологијата не е само додаток, туку и неопходен дел од еволуцијата на нашиот бренд. Се стремиме кон иновативен и дигитален пристап што ќе ја поврзе модата со иднината и ќе ѝ додаде нови димензии.

​​Како знаете дека нешто што сте создале е „завршено“? Или верувате дека секој дизајн е само една фаза во континуиран процес?

Билјана: Секој дизајн живее во мене – некој со години, некој со месеци, пред воопшто да го нацртам. Тоа не е само цртеж или крој, тоа е приказна што постои во мојата глава, што ја обликувам, менувам, усовршувам… Се додека не ја ставам на хартија – тогаш знам дека е „завршено“.

Но, тоа не значи крај. Напротив, тоа е почетокот! Од моментот кога ќе стане прототип, едвај чекам да го видам во својата финална форма, да го допрам, да го почувствувам. Моите креации се како мои бебиња – ги галам, им зборувам, ги доживувам како дел од мене. Сите што ме познаваат ќе потврдат дека нема човек што ме сретнал, а да не ја почувствувал таа љубов. Најголемата среќа? Кога секое мое „бебе“ ќе си најде свој дом – во нечиј плакар, носено со љубов и гордост. Тогаш знам дека приказната е целосна. 😊

​Доколку можевте да создадете капсулна колекција инспирирана од одреден град – кој би бил и зошто?

Билјана: Ако треба да изберам, во моментот би избрала држава. И тоа Монтана. Монтана носи една сурова, недопрена убавина, спој на дивината и спокојот, простор каде што природата диктира сè. Тоа е место со душа, со историја што сè уште е жива во секоја карпа, река и ветре што минува низ бескрајните пространства.

Yellowstone е како симбол на таа моќ – неконтролирана, но прецизна, величествена, но кревка. Таква би била и капсулната колекција инспирирана од Монтана: силна, слободна, со длабока поврзаност со земјата и природните елементи. Кроеви што дозволуваат движење, материјали што ја носат топлината на природните текстури, бои што ја отсликуваат динамиката на пејзажот – од земјените тонови на карпите до синилото на бескрајното небо. Колекција што зборува со тишината на планините, но остава впечаток што одекнува.

​Што ве фасцинира повеќе – материјалот или идејата? Дали понекогаш дизајнот доаѓа од чувството што го буди текстурата, или сè започнува од концепт што подоцна добива своја форма?

Билјана: Идејата секако. Таа е почетокот, сржта од која сè се гради. Материјалот е само инструмент што ја оживува, што ѝ дава физичка форма и ја прави опиплива.

​​Модата отсекогаш била повеќе од облека – таа е израз, став, културен код. Доколку “Be.” испраќа порака до светот, која е таа порака?

Ангела: Во свет што често нè тера да се вклопиме, “Be.” нè потсетува дека вистинската убавина и сила лежат во автентичноста. Овој бренд не нуди само облека – тој создава простор за жени кои сакаат да бидат слободни, храбри, нежни и искрени. Секое парче носи приказна, чувство и став, припадност на еден креативен свет.

Со внимателно избрани материјали, прецизен крој и иновативни технологии, “Be.” е манифест на женската независност и креативност. Тоа е модна филозофија што ги надминува трендовите и создава наследство – облека што може да се носи, раскажува и пренесува од генерација на генерација.

Ако има една порака што “Be.” ѝ ја испраќа на светот, таа е:
Биди храбра. Биди нежна. Биди чесна. Биди моќна. Едноставно Биди… 

​Имате ли некои ритуали кога станува збор за инспирација? Некои луѓе патуваат, некои читаат, други гледаат филмови… Што е вашиот таен извор на идеи?

Билјана: Инспирацијата е насекаде, но за мене, најчесто, таа започнува со една приказна—филм, книга, историска личност. Секогаш постои нешто што ќе ме повлече и ќе ме нурне во еден поинаков свет. Но не за миг – туку со месеци. Пред секоја колекција, јас „живеам“ во мојата инспирација. Ја истражувам облеката од таа ера, материјалите, начинот на живот. Гледам филмови, читам, замислувам како тие луѓе се движеле, што чувствувале, кои биле нивните соништа. Тоа за мене не е само процес – тоа е вистинско патување низ времето.​

Доколку треба да замислите сцена каде некој носи “Be.” во совршено сценарио – каде би било тоа, која музика би се слушала, кој лик би го носел вашето парче?

Билјана: San Francisco, Lauren Hutton и The Police- Roxanne

Бавна мода во брзо време

​​Во време кога fast fashion доминира, вие креирате со поинаков ритам. Како го чувате етичкиот компас на брендот?

Ангела: Живееме во време кога модата е побрза од кога било, но ние свесно избравме поинаков пат – пат што вреди да се чекори. Том Форд своевремено, додека беше креативен дизајнер на GUCCI ги предизвика луѓето да размислат што навистина носат – не само во однос на стилот, туку и во однос на приказната зад облеката. Каде е создадена? Кој ја изработил? Колку ќе трае? Што ќе се случи со неа кога повеќе нема да ја носат?

“Be.” e одговор на тие прашања. Ние не правиме компромиси – користиме исклучиво квалитетни природни материјали, најчесто со италијанско потекло, и сè изработуваме локално, поддржувајќи ја македонската економија. Но најважно од сè – создаваме парчиња што не исчезнуваат со една сезона или еден тренд. Напротив, тие се создадени да бидат наследство, да живеат во гардеробите и да се пренесуваат од генерација на генерација.

Што мислите за иднината на модата? Дали се движиме кон поинтелигентен, поодржлив пристап или брзата потрошувачка засекогаш ќе ја диктира играта?

Ангела: Иднината на модата е раскрсница – на една страна стои брзата, неконтролирана потрошувачка, а на другата страна, сè погласно, зборува свеста за одржливост. Долги години индустријата произведуваше со ритам што планетата не може да го издржи – планини од текстилен отпад, депонии полни со некористени материјали, помалку од 1% од ткаенините рециклирани во нови облеки.

Но, новиот бран независни брендови покажува дека има друг начин. Ние во “Be.” свесно се спротивставуваме на оваа реалност – користиме премиум “deadstock” материјали од европски брендови, давајќи им нов живот во дизајни што траат. Наместо да создадеме уште еден тренд кој ќе згасне за една сезона, креираме безвременски, висококвалитетни парчиња што можат да се носат со години, па дури и да станат наследство.

Затоа, иднината на модата не е само во тоа што носиме, туку и во тоа како размислуваме за модата – и веруваме дека интелигентниот, одржлив пристап полека, но сигурно, ја менува играта.

​Како ги одбирате луѓето што ќе носат “Be.”? Дали имате одреден профил на личност што го гледате како совршен амбасадор на брендот?

Ангела: Секоја жена што го избира “Be.” не само како облека, туку како став, е нашиот совршен амбасадор. Не ја бараме ние – таа сама се препознава. Тоа е жената што се движи низ светот со свесност за својата сила, нежност, храброст и интегритет. Жената што не се плаши да биде своја, да носи креации со приказна и да ги живее со љубов. “Be.” не е само бренд – тоа е заедница на жени што ја слават својата автентичност.

​Дали “Be.” е веќе оформен како што го замислувавте или сè уште еволуирате?

“Be.” е жив организам – никогаш статичен, секогаш во движење. Од самиот почеток, визијата беше јасна: да создадеме повеќе од бренд – да создадеме манифест, начин на живот, свет што ќе инспирира.

Но како и секоја вистинска креативна сила, “Be.” не може и не сака да биде завршена приказна. Таа еволуира, се прилагодува, се надградува – секое ново искуство, секој нов дизајн, секоја жена што го носи, додава нов слој на оваа приказна.

Иако основните вредности – моќ, храброст, нежност и чесност – се длабоко вкоренети во ДНК-то на брендот, просторот за раст е бесконечен. Технологијата, новите материјали, свежите идеи и искуствата што ги носи времето постојано ја обликуваат нашата визија. Затоа, одговорот е: “Be.” е оформен во својата суштина, но секогаш отворен за нови димензии, нови слоеви, нови дефиниции на слободата.

​Каде се гледате за 10 години? Повеќе еволуција или револуција?

За 10 години, “Be.” ќе биде таму каде што припаѓа – како движење што инспирира, а не само како бренд што создава.

Дали ќе биде еволуција или револуција? Веројатно и двете.
Ќе продолжиме да еволуираме – во техниките, во материјалите, во начинот на кој модата комуницира со жените и светот. Но, истовремено, веруваме во револуционерни промени, особено во начинот на кој облеката се доживува: како приказна, како спомен, како наследство.

Во иднина, “Be.” ќе биде уште посилно вградена во дигиталниот свет – NFT за следење на автентичноста, AI во креирањето, можеби дури и виртуелна мода. Но една работа нема да се промени: чувството. Облеката ќе продолжи да носи емоција, да ја нагласува силата на жената и да биде повеќе од само моден избор.

За 10 години, не се гледаме како “уште еден бренд”. Се гледаме како платформа што ги охрабрува жените да бидат свои – слободни, моќни, нежни, храбри.
Затоа, без разлика дали преку еволуција или револуција, “Be.” ќе остане токму тоа – Be.

​Доколку треба да ја опишете иднината на брендот со три збора – кои би биле тие?

Безвременска. Интуитивна. Моќна. Производите на “Be.” може да ги погледнете и купите воDisciplina – Skopje и онлајн на www.be.com.mk

Во моментот и до крај на месецот во чест на соработката со Disciplina – Skopje можете да ги купите со попуст од 25%. За да добиете код со 25% и за онлајн купување- станете дел од The “Be.” Circle на линкот: https://be.com.mk/custom-registration/

image2.jpeg

Сподели!
- Advertisement -