Ова се првите микророботи за доставување лекови секаде каде што е потребно

- Advertisement -

Во глобалната битка за превласт во користењето на вештачката интелигенција нова точка за Американците е тоа што се создадени првите микророботи за испорака на лекови. Овие микророботи имаат големина слична на клетките, кои се движат од неколку микрометри до десетици микрометри, објасни Веи Гао, професор по медицински инженеринг на Калифорнискиот институт за технологија.

Роботите се биоразградливи, а направени се сериозни експерименти, особено во третманите на тумори. Во текот на 21-дневниот период на лекување забележано било значително намалување на големината на туморот кај глувците третирани со микророботот, вели професорот. Тие можат да патуваат низ човечкото тело, урината, крвта и да доставуваат терапија каде и да е потребна.

- Advertisement -

„Го направивме овој микроробот користејќи двојна фотонска полимеризација. Тоа е скалабилно производство и овие микророботи, преку модификација на површината и структуриран дизајн, можат многу успешно да преживеат во сложени средини, вклучувајќи човечка крв, урина и дигестивни течности“, истакна Веи Гао.

За да овозможиме прецизна контрола тие вградиле магнетни нанокомпоненти во дизајнот на микро-нано структурата, така што магнетните нанокомпоненти ќе бидат заробени во структурите кога ќе ги печатат микророботите. На овој начин, со користење на надворешно магнетно поле, можеме прецизно да го контролираме правецот на движење на овој микроробот, вели професорот.

- Advertisement -

Иако фазата на истражување на микророботите се уште е во тек, Американците прават големи чекори напред во користењето на вештачката интелигенција во сите сегменти од животот.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -