Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

- Advertisement -

Скопје, 12 февруари 2025 – Дајмонд мол, омилената дестинација за шопинг и забава во срцето на Скопје, оваа година подготвува незаборавно празнично искуство. По повод Денот на виното и љубовта, во периодот од 13 до 16 февруари 2025 година, посетителите ќе имаат можност да уживаат во Саемот на виното и чоколадото, каде што ќе се спојат врвни вкусови и празнична атмосфера.

Во соработка со македонски и меѓународни вински и кондиторски брендови, скопјани и нивните гости ќе можат да дегустираат внимателно селектирани вина и слатки деликатеси, создавајќи совршена комбинација за љубителите на добриот вкус.

- Advertisement -

Како специјален додаток на празничното искуство, ексклузивен гостин на настанот ќе биде реномираниот слаткар Петко Костадинов. Овој мајстор на слаткарството, кој своето знаење го стекнал во најпрестижните европски училишта и освојувал светски награди, ќе сподели дел од своите слаткарски тајни со присутните. Имено, во сабота (15 февруари) од 12:00 до 14:00 часот ќе се одржи слаткарска работилница со Петко Костадинов, каде што љубителите на слатките ќе можат да научат нови техники и трикови. Во недела (16 февруари) пак, од 12:00 часот, посетителите ќе бидат сведоци на чоколадно шоу со изработка на џиновско чоколадо, долго 2 метри и широко 80 сантиметри – вистинско ремек-дело на слаткарската уметност.

Овој настан е одлична можност за сите љубители на виното и чоколадото да уживаат во врвни дегустации, ексклузивни работилници и квалитетен шопинг во празнична атмосфера. Дајмонд мол ги кани сите граѓани да бидат дел од ова уникатно искуство и да го прослават празникот на љубовта и виното на највкусниот можен начин.

Сподели!
- Advertisement -