CreatINNES – Можности за поддршка на креативни бизниси и старт-апи

- Advertisement -

Како до развој и брз раст на еден креативен бизнис?

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го организира онлајн настанот: CreatINNES – Можности за поддршка на креативни бизниси и старт-апи. Како до развој и брз раст на еден креативен бизнис?кој ќе се одржи на 21 јуни 2021 г. (понеделник), 10:00 – 11:30 часот.

- Advertisement -

Домашни експерти ќе го споделат своето широко искуство преку презентација на различни програми кои можат да придонесат за развој на еден старт-ап или воспоставен бизнис. Преку нивното учество во панел дискусија, ќе ги дознаете можностите за поттикнување на развојот и растот на старт-апите во земјава, вклучително и оние од креативната индустрија. Ќе се запознаете со искуствата на организациите кои работат со нив и ќе научите што е пресудно за успех на еден бизнис – добрата и креативна идеја или пак подготвеноста на тимот кој ја спроведува.

На овој настан ќе слушнете повеќе и за дел од можностите за техничка и финансиска поддршка наменета за старт-апи. Ќе бидат опфатени можностите кои се нудат локално и во регионот, а исто така ќе бидат презентирани можностите за соработка и учество во програми поддржани од дијаспората.

- Advertisement -

Преку овој настан ќе се инспирираат студентите, фриленсерите и бизнисите во секторот на креативната и културна индустрија да вложуваат во нови знаења и вештини, како и да ги искористат можностите кои им се нудат на пазарот.

На настанот ќе се презентира и програмата „CreatINNES”, финансирана од Европската Унија, преку програмата Еразмус+, во чии рамки е организиран настанот. Зад CreatINNES, стои стратешко партнерство од шест европски организации од Бугарија, Германија, Франција, Унгарија и Северна Македонија. Наменета е за сите старт-апи, фриленсери од креативната и културната индустрија, но и од сферата на дигиталните бизниси, информатичката и комуникациската технологија и други.

- Advertisement -

Информациите за вклучување на настанот ќе ги добиете дополнително по регистрацијата на: http://bit.ly/creatinnes2

Повеќе информации може да најдете на:https://www.mrfp.org.mk/mk/vesti-i-javnost/280-creatinnes-%E2%80%93-mozhnosti-za-poddrshka-na-kreativni-biznisi-i-start-api-kako-do-razvoj-i-brz-rast-na-eden-kreativen-biznis.html

Сподели!
- Advertisement -