Научниците пронајдоа начин да предвидат кои тумори ќе станат агресивни

- Advertisement -


Научниците открија нов начин да предвидат кои видови на рак ќе станат агресивни пред да се шират, – отворајќи го со тоа патот за третмани кои ќе го спречат развојот на болеста,. Една нова студија, објавена во списанието Nature Communications, дискутира за тоа како непосредната околина им помага на клетките на ракот да излезат од туморите и да го започнат својот смртоносен марш низ телото.

Структурата наречена екстрацелуларна матрица (ECM) го држи туморот „заедно“, делувајќи како скеле околу зграда во изградба. Сега научниците од Институтот за истражување на ракот во Лондон (ICR) и Институтот за рак Бартс на Универзитетот Квин Мери во Лондон открија како клетките на ракот го користат распоредот на ова скеле како патоказ за да го напуштат туморот и да почнат да се шират.

- Advertisement -

Тие открија дека ECM предизвикува промени во самите клетки на ракот, менувајќи ја нивната форма и ја подобрува нивната способност да патуваат до различни делови од телото.

Ова откритие, кое е кулминација на речиси една деценија истражување започнато на Кралскиот колеџ во Лондон, значи дека поагресивните тумори, кои најверојатно ќе се шират, сега можат полесно да се идентификуваат во порана фаза.

- Advertisement -

Во моментов се развиваат лекови кои ја таргетираат структурата на ECM, како и гените кои предизвикуваат промени во обликот на клетките.

Викторија Санз Морено, професор по биологија на клетките на ракот и метастази во MCR, која ја предводела студијата, вели: „Нашето истражување го откри патоказот што го следат клетките на ракот за да избегаат од туморот, дозволувајќи им да предизвикаат секундарен тумор на друго место во телото. Сега кога го разбираме овој патоказ, можеме да ги насочиме неговите различни аспекти за да го запреме ширењето на агресивните видови на рак. Влакната во структурата што го опкружува туморот се погусти и распоредени како патека што ја следат клетките“.

- Advertisement -

Идните истражувања треба да истражат начини како да се таргетира оваа структура за да се спречат клетките на ракот да избегаат и да го следат овој пат. Може да откриеме и дека таргетирањето на оваа густа структура на влакна значи дека другите лекови можат полесно да стигнат до клетките на ракот, што би можело да ја подобри ефикасноста на третманот.

Др. Оскар Мејкес од Институтот за рак Бартс вели: „Оваа студија е кулминација на речиси една деценија истражување за да се разбере како клетките на ракот комуницираат со нивната околина, позната како екстрацелуларна матрица. Важно е да се види дека различните региони на туморот содржат различни информации за идното однесување на тој рак. Кога лекарите прават биопсија на туморот, нашето истражување покажува дека она што е надвор од туморот е исто толку важно како и она што е внатре, бидејќи содржи клучни информации за тоа дали ракот најверојатно ќе се шири“.

За студијата, која беше финансирана од Cancer Research UK и Barts Charity, научниците разгледале туморско ткиво од 99 пациенти со меланом, рак на кожа и рак на дојка.

Тие виделе дека ECM е поставен поинаку во три различни области на туморот. На екстремната надворешна граница на туморот ECM влакната биле наредени во насока подалеку од туморот, обезбедувајќи патеки што клетките на ракот можат да ги следат додека бегаат.

(Flickr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -