Луксузниот бренд Burberry изгоре облека вредна 30 милиони евра

- Advertisement -

Луксузниот британски моден бренд Burberry запали облека во вредност поголема од 30 милиони фунти, меѓу кои и 20.000 мантили за дожд, по кои е познат ширум светот. Компанијата за пет години има уништено облека во вредност од 100 милиони евра, а акционерите се бесни затоа што производите не им биле понудени на приватни инвеститори, пишува BBC.

Компанијата Burberry, која според Forbes, вреди 10 милијарди евра, соопшти дека облеката ја спалува во посебни печки за да се искористи енергијата која се испушта притоа. Burberry ги уништува несаканите производи за да ја заштити својата интелектуална сопственост и вредноста на брендот. Моќните модни марки не сакаат нивните производи да се продаваат по дисконтни цени или да допрат до луѓе кои ќе ја намалат нивната вредност.

Сподели!
- Advertisement -