Во Европската унија во 2023 година имало 7,7 милиони жени вработени како научници и инженери, што е за околу 380.000 повеќе отколку во 2022 година, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евроста
Жените претставуваа 41 процент од работната сила на научниците и инженерите. Овој удел е поголем кај услужните дејности (45,6 отсто), додека кај оние кои се однесуваат на производството жените сочинуваат 22,4 отсто, а кај другите дејности тоа учество изнесува 23,9 отсто, пренесува Данас.
Меѓу земјите на ЕУ, учеството на женските научници и инженери беше највисоко во Данска (50,8 отсто), Шпанија (50 отсто), Бугарија, Латвија и Ирска (49 отсто).
Најмала застапеност има во Унгарија (34,1 отсто), Финска (31,4 отсто), Италија (34,1 отсто) и Словачка и Малта (34,3 отсто).