Германскиот производител на софтвер SAP стана најголемата компанија по пазарна капитализација во Европа. Пазарната вредност на компанијата на берзата во Франкфурт достигна 314 милијарди евра, објави германската новинска агенција dpa.
SAP на тој начин го потисна данскиот фармацевтски гигант Novo Nordisk, чија пазарна вредност е 310 милијарди евра, од врвот на листата. SAP, со седиште во Валдорф, југозападна Германија, е зајакнат со cloud computing и бум во вештачката интелигенција.
Од друга страна, данскиот фармацевтски гигант изгуби приближно половина од својата вредност од минатата година, кога достигна рекордно високо ниво благодарение на развојот на револуционерен лек за слабеење, пренесува dpa.
Истражувањето на консултантската фирма EY покажа дека 62 од 100-те највредни компании во светот се со седиште во САД. Од нив, само три се со седиште во Германија, а тоа се SAP, Siemens и Deutsche Telekom.
(Bizlife)
(фото: EuroNews)