Од овој пијалок најбрзо се старее, а не е алкохолен

- Advertisement -

Кремите против стареење и другите трикови против стареење можат да помогнат, но има една работа што всушност треба да ја избегнувате ако не сакате да го забрзате процесот на стареење и појавата на нови брчки и ако не сакате да го поништите трудот што го вложивте за да изгледате младешки.

Истражувањата покажуваат дека постои еден пијалок кој ве тера да стареете многу побрзо, а доколку се откажете од него, може да помогне да се запре предвременото стареење, пишува eatthis. Излегува дека кога станува збор за стареењето, нема полош пијалок од зашеќерените газирани пијалоци.

- Advertisement -

Оние кои редовно ги пијат имаат поголем ризик од дебелеење и одредени болести, а истражувањата покажуваат дека тоа може да влијае дури и на телото на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво, побрзо стареење.

“Редовното консумирање газирани сокови засладени со шеќер на крајот може да ве изложи на ризик од разни болести како што се дебелина, срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и многу повеќе. А бидејќи ризикот од овие болести автоматски се зголемува како што старееме, премногу шеќер сигурно не помага”, вели д-р Ејми Гудсон.

- Advertisement -

Исто така, студија од 2021 година покажа дека потрошувачката на зашеќерени газирани пијалаци е поврзана со промените во цревните бактерии и цревната микрофлора, воспалението и оксидативниот стрес, кои се поврзани со предвремено стареење.

Авторите на таа студија имаа едноставна препорака – заменете ги овие пијалоци со поздрав избор секогаш кога можете и вашето тело ќе ви се заблагодари.

- Advertisement -

(Buka.com)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -