Amazon сака да го купи TikTok

- Advertisement -

Компанијата Amazon, практично, понуди да ја купи платформата TikTok буквално во „пет до 12“, затоа што во сабота, на 5 април, на TikTok треба да и почне забраната на територијата на САД бидејќи е кинеска компанија. Ова го изјави претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој вели дека Amazon ја дал понудата во писмо до американскиот потпретседател, Џеј-Ди Венс и министерот за трговија, Хауард Лутник. На денот на неговата претседателска инаугурација на 20 јануари, Трамп и даде дополнително време на платформата TikTok за да најде купувач. Со тоа тој ја заобиколи примената на законот донесен на иницијатива на двете најголеми американски партии. Овој закон за забрана на работата на TikTok го потврди и Врховниот суд на САД, оценувајќи дека е неопходен за националната безбедност.

- Advertisement -

Сопственик на Tiktok е кинеската компанија ByteDance, која според овој закон е обврзана да ја продаде својата платформа на некој што не е од Кина или платформата ќе биде забранета во САД.

Трамп посочи дека може да го продолжи одложувањето на стапувањето во сила на мерката, но рече и дека очекува некаков договор до сабота. Amazon одби да ги коментира информациите, а TikTok се уште не одговори на барањето за коментар.

- Advertisement -

Не е познато дали ByteDance воопшто планира да го продаде Tiktok, но во изминатите месеци се појавија неколку потенцијални купувачи, иако засега без резултати.

(021)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -