Објавено видео кое покажува што можеме да очекуваме од новиот iPhone

- Advertisement -

Во септември оваа година Apple ќе претстави четири нови модели на своите телефони, а најголема ѕвезда на новата генерација би требало да биде сосема новиот iPhone 17 Air. За овој телефон се пишува со месеци и горе-долу се знае se за него (иако Apple можеби ‘e изненади со некоја нова опција која досега не беше спомната), а сега на интернет се појави ново видео, кое јасно го покажува неговиот најсилен адут.

Air ќе биде најтенкиот iPhone досега, а ова видео покажува колку ќе биде потенок во споредба со другите модели. Ова видео, се разбира, не кориsti вистински iPhone, кој ќе излезе дури во септември, туку таканаречени мокап модели, кои се креирани врз основа на претходно познати информации и димензии на телефонот. iPhone 17 Air треба да биде тенок само 5,65 mm, но ќе има испакнатина на горниот дел од грбот за камерата. Ова е значително потенко од 8,75 милиметри, колку што се претпоставува дека се моделите на iPhone 17 Pro, како што можеме да видиме на видеото објавено на веб-страницата Unbox Therapy.

- Advertisement -

На видеото сопственикот на каналот, Луис Хилсентегер, е прилично импресиониран од димензиите на моделот Air, иако се прашува и дали, бидејќи е исклучително тенок, ќе има проблеми со свиткување. Пред повеќе од десет години компанијата имаше слични проблеми со виткањето на iPhone 6 Plus. Интересно е што едно од виралните видеа за превиткување беше објавено од Хилсентегер на каналот Unbox Therapy во 2014 година.

Споредувајќи го моделот Air со моделот Pro, тој не можеше да ја сокрие возбудата: „Ова е лудо“, коментираше тој колку е тенок, велејќи дека е уред со футуристички изглед и доколку Apple го направи доволно силен и робустен за да избегне виткање, Хилсентегер очекува огромна брзање и одлична продажба на овој телефон.

- Advertisement -

За да се спречи свиткување, гласините велат дека Apple одлучил да користи материјали како алуминиум и титаниум, а од истата причина не се одлучиле за екран поголем од 6,6 инчи. На пример. Моделот iPhone 17 Pro Max треба да има екран со дијагонала од 6,9 инчи. Тоа не е единствениот компромис што Apple морал да го направи за да направи многу тенок телефон. Меѓу другото, iPhone 17 Air ќе има само една задна камера, за да направи простор за батеријата или подобро кажано, за да ја направи батеријата издржлива како и другите модели.

(Mac Rumors)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -