Google гаси уште една апликација

- Advertisement -

Google, веќе традиционално, продолжува со гаснење на своите услуги, а сега дојде на ред апликацијата. Имено, Street View е едноставен начин за добивање приказ од 360° во речиси секоја улица на планетата, па затоа е совршена алатка за патување или за истражување на светот од удобноста на својот дом.

Иако апликацијата Google Maps долго време нуди користење на функцијата Street View, достапна беше и апликација Street View за Android и за iOS. Оваа самостојна апликација им служеше на две групи на луѓе – тие што сакаа подетален Street View приказ и на оние кои сакаа да придонесат со сопствени снимки од 360°.

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека попопуларната Google Maps апликација веќе има поддршка за Street View, како и дека Google нуди веб апликација Street View Studio, гансењето на апликацијата и не е некое изненадување, иако преку Play Store e преземена над 1 милијарда пати.

Нема официјален коментар од Google за ова. Во најновото ажурирање компанијата подготви повеќе известувања за гаснењето, кои ги забележаа експерти кои ги анализираат новите изданија на апликацијата. Во известувањата се потсетувале корисниците да се префрлат на Maps, како и дека самостојната апликација ќебиде згасната на 31 март 2023 година.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Play Store)

Сподели!
- Advertisement -