Државата оддели 11 милиони евра за научно-истражувачка дејност

- Advertisement -

Научната дејност во Македонија добива 680 милиони денари, поддршка од владата, најави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Средствата се наменети за државните универзитети и факултети, јавни научни установи и МАНУ со цел за да ја унапредат научноистражувачката инфраструктура и да реализираат иновативни научно-истражувачки проекти.

Во првиот од двата јавни конкурси ќе се финансираат 40 научно истражувачки проекти, а за секој од нив предвиден е буџет од најмногу осум милиони денари. Вториот е наменет за распределба на средства на осумте самостојни јавни научни установи, кои вршат дејност од висок стратешки и национален интерес за државата.

- Advertisement -

Резултатите ќе бидат објавени на веб страната на МОН откако претходно според јасно дефинирани критериуми ќе се направи рангирање, а предност ќе добијат тие кои имаат објавено најмалку два трудови во списанија со импакт фактори во последните три години.- Весна Јаневска- министерка за образование.

Одлуката за тоа кој ќе добие средства, ќе ја носи рецензентска комисија која ќе се формира откако ќе пристигнат апликациите.

Сподели!
- Advertisement -